Актуелно

Вложувај балансирано со Стопанска банка АД Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје

Датум на објава: 31.10.2019

Следејќи ги динамичните финансиски трендови, Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје креираа нов комбиниран производ – Инвестициски депозит во кои ги интегрираа сигурноста и инвестициите.  Инвестицискиот депозит е прв производ од овој тип на пазарот кој е креиран за да излезе во пресрет и да ги задоволи специфичните потребите на потрошувачите и воедно да понуди дополнителна вредност на нивната инвестиција. Во услови кога финансискиот пазар се соочува со  намалување на каматните стапки на депозитите, Инвестицискиот депозит на Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје кој претставува комбинација од депозит и вложување во инвестициски фонд им нуди единствена, премиум каматна стапка на клиентите.

Максималниот износ на овој депозит е 10.000 евра или соодветна денарска противвредност, а рокот на орочување е 36 месеци со најконкурентна фиксна каматна стапка од 3,5% на годишно ниво за денарски депозити или 2,4% за депозити во евро валута (фиксна каматна стапка на влогот на банката +1% годишно бонус на камата на депонираниот влог). Половина од средствата клиентот ги орочува во Банката како депозит, а со другата половина од средствата купува удели во фондот Генерали Топ Брендови, кој е управуван од страна на Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје.

,, Соработката на два големи, силни и препознатливи брендови како што се Стопанска банка а.д. Битола која на пазарот постои и успешно работи повеќе од 70 години и Генерали Инвестментс АД Скопје како докажан лидер во обезбедувањето на професионални услуги за управување со средства носи новитет и свежина на финансискиот пазар во земјава и  нуди сигурност, избор и пред се значајни предности и добивка за оние кои сакаат да ги инвестираат своите средства’’ – велат од Стопанска банка а.д. Битола

Генерали Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на “Blue Chip” компании. Фондот инвестира во акции на компании кои управуваат со најсилните брендови во светот. Ова е вистински избор за вложувачи кои преферираат стабилен и сигурен раст на сопствениот влог. Неговата суштина е во флексибилноста, што значи приспособување кон условите на пазарот. Генерали Топ Брендови е комбинација од сигурност и профитабилност.

Вложувај балансирано со Стопанска Банка а.д.Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје!


Тагови: Генерали инвестментс, Генерали Топ Брендови, Стопанска банка АД Битола,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: