ПОВЕЌЕ

    АЗЕСКИ: ВЛАДИТЕ ДА БИДАТ РЕГУЛАТОР, А НЕ ОРТАК на бизнисот

    Време зa читање: 2 минути

    Државата мора да го остави бизнисот да работи слободно, за да може компаниите да испорачаат економски раст преку инвестиции и нови вработувања, вели првиот човек на Стопанската Комора Бранко Азески во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Затоа од 15 до 31 март раководството на Стопанската комора ќе се сретне со политичките партии на кои ќе им биде понуден документ за потпис, кој ќе биде обврзувачки за новата влада. Азески вели дека ако престане државата да биде ортак со бизнисот и почне да си ја врши својата работа на регулатор на економијата, тогаш компаниите ќе испорачаат економски раст од 4% годишно.

    Барања за мерки кон приватниот сектор:

    • Примена на мерки исклучиво на пазарни мери во водењето на економските политики;
    • Мораториум за зголемување на даночните оптоварувања по основ на царина, акциза и социјални придонеси заклучно со 31.12,2025;
    • Плаќање на финансиски обврски на државниот сектор кон приватниот сектор во целост и со стриктно запазување на законските рокови;
    • Зголемување на износот за финансиската поддршка за инвестициите;
    • Стриктна примена на новата Стратегијата за поддршка на извозот;
    • Редефинирање на парафискалните давачки.

    Меѓу барањата се и:

    • Владата да не одредува кој ден да не биде неработен. Таа само да ја постави рамката, а компаниите да проценат кога може да направат најдобар профит.
    • Владата да не се одредува минималната плата.
    • Владата да не утврдува цени туку преку либерализација и конкуренција да се влијае на однесувањето на компаниите.
    • Да не влијаа на извршувањето си измени на Законот за облигациони односи со кои фирмите нема да може да си ги наплаќаат долговите.
    • Да не воведува солидарни даноци.

    Азески вели дека поради економскиот раст, владата ќе има силна социјална позиција од буџетот, со која ќе може полесно да интервенира кон граѓаните и да им даде помош на сите на кои им е потребна.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично