ПОВЕЌЕ

    УСПЕШНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗБОРУВААТ – СТАРТУВА НОВИОТ ПОТКАСТ PARITALKS POWERED BY CEED

    Време зa читање: 2 минути

    Стартува PariTalks powered by CEED – новиот поткаст во продукција на Пари, во кој главниот збор го имаат успешните деловни луѓе од Македонија и од регионот. Со јавноста ќе го споделат своето практично искуство стекнато во реалното секојдневие оптоварено со бројни проблеми, што достигнувањата согледани во создадените додадени вредности, ги прават уште позначајни.

    Идејата е зајакнување на компетенциите на претприемачите и бизнисмените во регионот, а поткастот се реализира во соработка со Ceed Macedonia и БизнисMрежа.мк

    Целта е поткастот да ги обедини претиприемачите и да овозможи концизна, директна и фокусирана размена на искуства, која ќе им помогне полесно да се справат и да се соочат со промените кои ги носат новите времиња. Уште поважно, да добијат можност да „позајмат“ знаење од искусни сопственици на бизниси кои го поминале патот и се среќни тоа несебично да го споделат со другите чинители во бизнисот – порачуваат од CEED Бизнис клуб. Всушност, менаџментот започна со конципирање и планирање на новата услуга – „Поткаст“ во согласност со новата структура на производи на трансформираниот CEED Бизнис клуб од 2023 година.

    Поткастот како идеја и визија на Бизнис клубот доби поддршка од БизнисMрежа.мк, а е во продукција на Пари (pari.com.mk), што претставува уникатен спој на експертиза и искуство. Привилегија е за членовите на Клубот во смисла на учество, но истовремено не-ексклузивен и отворен за сите претприемачи кои имаат да споделат вредни и научени лекции.

    За крај, нагласуваат од Ceed Macedonia – поткастот е прилагоден на времето на модерниот претприемач, „скроен“ и дизајниран да се вклопи во агендата на најзафатените бизнисмени и менаџери.

    Денес во 12 часот – PariTalks powered by CEED со сопственикот на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично