Високо признат сет на вештини и експертиза кои постојано ги ажурира и развива, им дадоа неверојатни резултати на клиентите и им помогнаа да ја трансформираат нивната онлајн видливост во ултрамодерен и високофункционален визуелен приказ на нивниот бренд кој ја привлекува нивната целна публика која е подготвена да ги користи или купи нивните услуги/производи. Воден од расудувањето и знаењето што ги акумулира во текот на годините, ги развил неговите вештини кои одат рака под рака со креативноста и напредувањето. Милан Савов во подкастот New Biz со Наташа Велковска го раскажува својот претприемачки пат.
Тој вели дека за да биде успешен патот на кариерата кога договара некој проект се обидува да издефинира јасно што клиентот очекува, што ќе биде крајниот резултат и кога комуникацијата е добра се постигнуваат и добри резултати.
„Секако дека не било секогаш едноставно и имало предизвици, имало клиенти кои барале нешто надвор од надвор од почетни договори, но ако јасно го искомуницираш тоа од самиот старт дека тоа што сме го договориле тоа и ќе го реализираме, па ќе правиме и други работи ако има потреба, но да ги работиме работите систематски, тогаш нема никакви проблеми“, објаснува Савов.
Тој објаснува и за ситуациите каде што немал доволно знаење и не знаел како да постапи за да реши некои работи, бидејќи е во таква технологија каде што многу бргу сè се менува. „Тоа беше една од почестите грешки што ги правев порано, на пример кога ќе ми побараа услуга, не знаев, и јас ќе се нафатам да ја правиме, па ќе регрутирам луѓе специјално за таа услуга, па потоа можеби ќе нема работа повеќе за тој човек, а не можеш на него да му дадеш да има константно работа, ниту па јас можев да барам цело време клиенти само за еден човек да услужам. Затоа во еден момент решивме дека нашиот фокус се тие екпертизи што ни се сега custom wordpress development и search engine optimization и буквално работиме да бидеме сè повеќе подобри во тие области. И сè што е друго го давам на некои партнери, на соработници, и на тој начин функционираме. А дури и во овие два сегменти секако имам преголеми промени, но тука се усовршуваме и следиме трендови и следиме за да бидеме во тек со самата индустрија со технологии“, укажува Савов.
Како новите технологии, вештачката интелигенција и сè она што се случува во светот може да се искористи за правење, водење успешен бизнис во Македонија? Колку вештачката интелигенција, автоматизацијата има улога во олеснување на услугите што ги нуди – поголема ефикасност подобра и вредност за клиентите?
„Ние конкретно кај нас користиме вештачка интелигенција секаде каде што сметаме дека ако го исклучиме човечкиот фактор, ризикот е мал да има грешка, и користиме таму каде што имаме повторливи чекори за да си ја зголемиме нашата ефикасност во целото работење, во поставување протоколи на процедури, значи секаде каде што тоа може да ни помогне. На други места каде што ни треба поставување на стратегија се обидуваме да произлезе од нас, бидејќи тоа ни дава најдобри резултати кога ние сами или тимски ги носиме тие одлуки, во која насока треба да се движи некоја стратегија, така што во тој дел сè уште не се осудуваме да го препуштиме на вештачката интелигенција. Јас гледам на тоа сè што можеме да го искористиме како технологија, да го искористиме за да направиме некој подобар процес, но каде сето тоа ќе заврши, не би можел ни да предвидам“, појаснува Савов.
На прашањето дали помладите полека го напуштаат Гугл во однос на пребарувањето, дали повеќе одат на ТикТок, на ЈуТјуб, на Перплексити, на ЧатГПТ, тој вели дека самите генерации имаат различни навики, но засега Гугл држи над 80 отсто од пребарувањата, така што Савов не смета дека брзо ќе исчезне тој вид на пребарување, само што се модифицира.
„На пример Гугл прикажува различен начин на резултати за одредени пребарувања, не е исто како порано, три реклами, па пет резултати, туку сега има подруг облик на сето тоа. Ние во работата ги следиме тие трендови, гледаме како Гугл ги сервира резултатите на тие луѓе што пребаруваат, па се обидуваме се тоа да го имплементираме во некоја стратегија за нашите клиенти“, истакнува Савов.
Ако треба на некого да му даде три совети за search engine optimization, тој вели дека она што секогаш го дава како совет прво е дефинирање на јасна целна публика.
„Тоа е голем пропуст и ова нема врска со search engine optimization, но има врска потоа, бидејќи ако го пропуштиме моментот на кого ќе се обраќаме, за кого ќе биде таа стратегија, можеме да ја промашиме целната публика, т.е ќе рангираме за резултати коишто ќе ги привлечат погрешните луѓе. Така што со добра оптимизација на идеален клиент, јасна порака, јасна понуда веќе можеме да работиме SEO стратегија“, укажува Савов.
Вториот совет што го дава е детална анализа – на пример, вели тој ако не направиме крвна слика нема да знаеме што ни е, истот се случува и во бизнисите, многу често се случува да побараат стратегија без притоа да се отворени да направат тие анализа, бидејќи мора да знаат каде се, што сакаат да постигнат за да го најдат патот до целта.
„И третиот совет е истрајност, бидејќи ова не е нешто што е инстант решение, туку треба да е стратешки потег на самиот бизнис, ако не се истрајни клиентите ни компаниите не можат доволно да ја калибрираат самата стратегија“, потенцира Савов.
Во однос на пребарувањата на која било алатка да се работи, тој вели дека важно е на нашата содржина да бидеме што поконцизни со пократок текст и тоа веќе се вреднува многу повеќе бидејќи самото внимание на луѓето е пократко и сакаат да ја добијаат информацијата побрзо.
Во развојот на веб-страници навлегува вештачката интелигенција и се користи за пребарувања за каква насловна страница да се направи, за веб-страницата на конкурентот, за структурните услоуги на веб-страницата на конкурентот. Според Савов, тоа е позитивно бидејќи многу побрзо може да се извлечеш нешто повеќе за конкуренцијата што ја има на веб и на Гугл, ќе се дојде побрзо до тие одговори коишто требаат.
„На крај секако ќе треба да ги земеме тие податоците да ги анализираме и да најдеме начин од нив како да направиме предност за нас, бидејќи сигурно има нешто што се разликуваме и сме подобари од другите и ќе го извдоиме тоа што е подобро“, појаснува Савов.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcas