ПОВЕЌЕ

    Зошто Тесла не прогласува банкрот?

    Време зa читање: 3 минути

    Во 2017 година, Тесла имаше загуба од 2.2 милијарди долари иако имаше 11.8 милијарди долари приход. Apple за истата година, имаа 21% профит од нивните приходи. Но дури и ако Тесла се спореди со компании од автомобилската индустрија сликата е иста. Форд, имаше 5% профит од вкупните приходи, и GM имаше 7% профит.

    За Тесла, ова не претставува ништо ново. Од 2010 до 2017, нивните загуби се зголемуваат.

    • 2010 – 0.3 милијарди загуба
    • 2011 – 0.3 милијарди загуба
    • 2012 – 0.4 милијарди загуба
    • 2013 – 0.1 милијарди загуба
    • 2014 – 0.3 милијарди загуба
    • 2015 – 0.9 милијарди загуба
    • 2016 – 0.7 милијарди загуба
    • 2017 – 2.3 милијарди загуба
    • 2018 – 1.0 милијарда загуба
    • 2019 – 0.9 милијарди загуба

    Како може вака една компанија да опстојува? Во 2020 година Тесла беше прогласена за највредна компанија во целата автомобилска индустрија. Како е тоа можно? Одговорот е…

    Готовина!

    Банкрот не настанува кога една компанија ќе има загуба, туку кога ќе снема готовина.

    Готовината се зголемува преку 3 методи:

    1. Оперативните активности преку бизнисот. Со овој метод, Тесла губи готовина. Бидејки кога тесла ќе ви продаде кола од 100.000 долари, тоа нејзе ја чини 78.000 долари. Но за да ги покрие трошоците за останатите оперативни активности како салоните за продажба, трошоци за истражување и развој, електронските станиците за полнење на батериите и слично, сите тие трошоци зедно, се поголеми од 100.000 долари. Во овие активности, Тесла во 2017 изгуби 60 милиони долари.
    2. Инвестирање. Во 2017 инвестициите на Тесла за да изгради гига-фабрики и да ја надгради својата опрема, биле 4.4. милјарди долари.
    3. Финансирање. Со овој метод, Тесла зема пари од банките во форма на заем. Во 2017, Тесла се задолжи малку повеќе од 4.4 милијарди долари. 

    Ова укажува дека менаџирањето на сметководството на Тесла е наука како и уметност. Со комбинирањето на овие 3 методи еден бизнис може да биде профитабилен но сепак да банкротира ако нема доволно готовина, или непрофитабилен бизнис да не банкротира бидејки нема доволно готовина. Умешноста од тоа комбинирање ќе диктира кој ќе биде победникот на крајот на годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично