ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска Банка АД – Скопје за своите потреби објавува оглас за вработување на:

    Оператор во Сектор за информатичка технологија

    Работното место ги опфаќа следните активности:
    •    Мониторирање на системи
    •    Обезбедување на help-desk поддршка
    •    Мониторирање и поддршка на банкомати
    •    Администрирање на кориснички профили
    •    Спроведување на системски обработки
    •    Контрола на опремата и активностите во дата центарот

    Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
    •    Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем
    •    Искуство со ИТ help-desk поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти
    •    Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи
    •    Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи
    •    Завршено високо образование, пожелно информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет
    •    Одлично познавање на англиски јазик
    •    Работно искуство од најмалку 3 години во областа

    Лични карактеристики:
    •    Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
    •    Тимски дух, позитивен став  и однесување
    •    Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
    •    Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
    •    Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

    Банката обезбедува плата во месечен нето износ од 30.000,00МКД.

    Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во три смени, во текот на целата недела, а почетокот и крајот на работното време се утврдуваат со план за сменско работење во согласност со одлука на Банката. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи.

    Стопанска Банка АД – Скопје нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

    Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, аплицирајте со поднесување на Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик онлајн преку следниот линк:

    Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку веб страница на Банката со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 19.05.2020 година.

    Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

    Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

    Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично