ПОВЕЌЕ

    Сигурна капитална добивка преку инвестирање во недвижности со Smart Invest Group

    Време зa читање: 3 минути

    SMART INVEST GROUP е просперитетна и влијателна инвестициска групација која нуди алтернативен и паметен начин на инвестирање прв од ваков тип во Македонија.

    Покрај тоа што се занимава со градежништво, односно проектирање и изведба на “smart” станбени згради во кои се вградени најсовремени дигитални решенија кои уреди меѓусебно комуницираат и обезбедуваат „интелигентно“ следење на сите аспекти во домот, веќе година дена обезбедува можност граѓаните да станат соинвеститори преку првата Crowdfunding платформа во Македонија.

    Ова е новитет на нашиот пазар за транспарентно поврзување на инвеститори кои се заинтересирани за пласман на своите слободни средства, односно одлична можност за физички и правни лица да инвестираат во проектите и за своите инвестиции да добијат загарантирана капитална добивка од 9% (за краткорочните) и 10% (за среднорочните проекти) на годишно ниво.

    Следејќи ги најновите трендови на дигитализација и автоматизација на целокупното работење и живеење во денешницава, веб-платформата на Smart Invest Group е едноставна и интуитивна за користење и само во неколку чекори, секој – без разлика каде се наоѓа – може да инвестира. За инвестирање потребни се само три едноставни чекори:

    1. Регистрација, односно креирање на профил на веб-страницата на Smart Invest Group (https://www.sigroup.mk/)

    2. Селектирање на проектот во кој сакате да инвестирате, и

    3. Сумата која сакате да ја инвестирате.

    Благодарение на целосно автоматизираната платформа, веднаш по креирањето профил, системот генерира Договор за соинвеститорство со сите релевантни податоци – лични информации, избраниот проект и очекуваната капитална добивка која ќе ја добие од денот на инвестицијата до завршување на проектот.

    Договорот се потпишува преку СМС код испратен на регистрираниот мобилен телефон. Потоа се генерира уплатница која може да се плати и преку електронско банкарство.

    По уплатата, инвестицијата станува активна. Целиот процес трае околу 10 минути.

    Од финансиска гледна точка, доколку некое лице инвестира 10.000 евра во некој од проектите на Smart Invest Group (на пример проектот/станбената зграда X9 која се наоѓа во Скопје), проект кој е планирано да заврши за 30 месеци, односно до 15 Октомври 2027 година, тогаш инвеститорот ако инвестира на 15 Мај 2025 година, ќе добие вкупна капитална добивка од 25% за целиот период, односно 10% на годишно ниво. Во пари, тоа значи дека инвеститорот за тие 2,5 години вкупно ќе заработи 2.500 евра. Дополнително, инвеститорот не треба да чека да се комплетира проектот за да ја добие капиталната добивка заедно со инвестираната сума, туку капиталната добивка му ја исплаќаме секој месец на неговата трансакциска сметка додека трае проектот, која изнесува 83,3 евра бруто во денарска противвредност.

    Smart Invest Group моментално реализира 10 градежни проекти, од кои 2 веќе се веќе завршени, 4 се во напредна фаза и планирано е да се комплетираат во текот на 2025 година, додека на останатите 4 интензивно се работи и нивното комплетирање е планирано за 2026 и 2027 година.

    Градежните проекти односно станбените згради се наоѓаат во Битола и Скопје, а од неодамна почната е интензивна градба и на 2 од планираните 5 згради во Куманово.

    Покрај наведените 10 проекти, во фаза на преговори се уште 8 нови згради во Скопје и Куманово, чија изградба е предвидена за 2025/2026 година – со што значително се проширува можноста за инвестирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично