ПОВЕЌЕ

    Седум животни алатки од Арнолд Шварценегер

    Време зa читање: 4 минути

    Како што минува животот така сè повеќе сфаќаме колку животните алатки и стратегии ни се уште попотребни, не само како дел од работата туку и како дел од секојдневјето. Невозможно е да се справиме со брзината на светот, ако во меѓувреме не сме добри аналитичари, соговорници или мислители што добро го пресметуваат секој чекор.

    Зошто врвот е често претставуван како планина? Зашто планината е возвишување на површината. Истото го правиме и со нашето себеостварување. Се воздигнуваме над она што сме биле порано, надградувајќи се врз нашето вчерашно јас. Ако сме доволно амбициозни и внатрешно потковани, врвот не е недостижен.

    Овие се седумте животни алатки на кои нè учи Шварценегер, а ние можеме да ги приспособиме на нашите цели и на нашиот начин на живот.

    Имате јасна визија

    Во животот не е потребно само да се биде добар. Има толку многу луѓе што се чувствуваат изгубено, а во најголем број од случаите, така е зашто немале јасна визија. Ако знаете како да барате, ќе го најдете токму она по кое трагате. Сè што е добро почнува со јасна визија. Затоа никогаш не потценувајте ја.

    Секогаш размислувајте наголемо

    Ако правите нешто, правете го како што треба. Има една поговорка која вели: „Цели кон месечината, па ако ја промашиш, на крај сепак ќе стигнеш до ѕвездите“. Но во меѓувреме не заборавајте ги и малите цели. Тие се патот до големите.

    Здробете се од работа

    Има една вистина – нема замена за вложениот труд. „Работата одработува“, вели Шварценегер. Во тоа е смислата. Сеедно кои сте. Оваа идеја го искажува целиот живот. А повторувањето е мајка на знаењето. Секогаш може уште. Секогаш може подобро.

    Продавајте, продавајте, продавајте

    Може да имате најизвонредна замисла, најфантастичен план, нешто најдобро во својата класа, но ако не го „продадете“, ако никој не знае дека тоа нешто постои, тогаш може да биде залудно. Како воопшто да не постои. А такво нешто не смеете да си дозволите. Особено кога станува збор за вашите соништа.

    Постојано менувајте ги брзините

    Сеедно каква ви е визијата, секогаш ќе има битки. Но мора да научиме како да се справиме со тие мигови. Треба да ја развиеме вештината на постојано „менување на брзините“. А главното мото тука е да научиме како да бараме позитивност во секоја ситуација. Патем треба да го преформулираме неуспехот и да ги сфатиме ризиците што се неизбежни. Најголемиот ризик е да не ризикуваш.

    Устата нека ви биде затворена, а умот отворен

    Светот е училница. Но кога учителот зборува, треба да се молчи. Така треба да молчиме додека во себе ги собираме сите знаења. Во меѓувреме треба да бидеме љубопитни. Никој не знае онолку колку што мисли дека знае, па така и вие. Секогаш и од секого можеме да научиме нешто ново. А понекогаш дури и другите што знаат помалку од нас, можат да нè научат нешто – да нè научат како не треба.

    Скршете ги огледалата

    Кога ќе се замислиме, сфаќаме дека никој од нас никогаш не сторил ништо самостојно. Секогаш сме имале помош или насочување. Други ни го поплочиле или покажале патот, без разлика дали однапред сме го знаеле тоа или не. Затоа заборавете на претераната самобендисаност и секогаш бидете благодарни.

    Сите овие лекции ги учиме од книгата за Шварценегер „Бидете полезни“. Во неа ќе ги најдеме поопширно и подетално објаснети. Книгата е издание на ТРИ и ја има во сите нивни книжарници, како и онлајн на kniga.mk. Овој човек, кој се издигна од малото австриско село до холивудските врвови, и како автор може да ни го поплочи патот до победите. Полесно е кога се има водич, а книгите се најдобрите докажани водичи. Зашто додека тие ни го насочуваат умот, ние сè уште сме зад воланот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично