ПОВЕЌЕ

    Погледнете го распоредот за исплата на депозити од Еуростандард банка во четирите банки

    Време зa читање: 2 минути

    Денеска започнува исплатата на депозитите заглавени во Еуростандард за штедачи со сметки под 30 илјади евра, како и за оние 780 штедачи чии влогови се поголеми од оваа гранична сума- и тие ќе добијат загарантирана сума од точно 30 илјади евра додека останатите пари ќе ги бараат преку стечајната постапка.

    Парите веќе се префрлени од Фондот за осигурување на депозити, а штедачите на Еуростандард се распоредени во 4 групи врз основа на почетните букви на презимињата.

    Распоред за исплата на депозити од Еуростандард банка по прва буква на презимето

    Комерцијална банка-                   А, Б, В, Г и Д

    НЛБ Банка-                                      Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ

    Стопанаска банка АД Скопје      М, Н, Њ, О, П и Р

    Халкбанка АД                                 С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично