ПОВЕЌЕ

    Дури 94% од работниците нема да ги имаат потребните вештини за работа во следната деценија

    Време зa читање: 2 минути

    Многу држави ќе се соочат со растечки недостаток на вештини во текот на следната деценија, ако не се започне веднаш со преквалификување на работниците за дигитална економија како одговор на пандемијата, според новиот извештај на Мекинзи.

    Консултантите објавија дека нивната анализа покажала дека 94% од работната сила нема вештини кои ќе бидат потребни во 2030 година.

    Пандемијата го поларизираше пазарот на трудот со вештини кои веќе недостасуваат, како оние кои се потребни за е-трговија и анализа на синџирот на снабдување, додека работните места со ниски квалификации изгубени за време на кризата веројатно нема да закрепнат, покажува извештајот.

    Некои од работните места кои се изложени на најголем ризик се работните места во продажба, трговија на мало, рецепционери и келнери, хонорарни преведувачи и честопати помлади работници.

    Без заедничка акција на работодавците, две третини од работната сила во Велика Британија би можеле да бидат без основни дигитални вештини до 2030 година, додека повеќе од 10 милиони луѓе би биле недоволно квалификувани за лидерство, комуникација и донесување одлуки“, се вели во извештајот.

    Велика Британија долго време се бореше со ниска продуктивност, а производството е особено слабо и меѓу најниско платените работни места, делумно поради недостаток на обука.

    Организацијата за економска соработка и развој во октомври соопшти дека учеството во доживотно учење е повисоко од европскиот просек, но опадна во последните години, а обуката на работното место падна по финансиската криза во 2008 година.

    Британската економија е сериозно погодена од пандемијата. Бруто домашниот производ падна за 20% во вториот квартал.

    Се проценува дека на Велика Британија ќе и бидат потребни пет до 10 години да се опорави, бидејќи финансискиот удар ќе ја уништи економијата што е во процес на Брегзит.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично