ПОВЕЌЕ

    Анкетата на СКМ покажа дека 65 отсто од компаниите имаат проблеми со ликвидноста

    Време зa читање: 2 минути

    Податоците од неодамна спроведената анкета на Стопанската комора на Македонија, СКМ, меѓу македонските компании од сите големини и сектори, кои претставуваат годишни приходи од 1,5 милијарди евра, а во врска со очекувањата и ефектите од корона кризата, јасно покажуваат дека последиците за македонската економија нема да бидат занемарливи и тоа неминовно ќе се одрази и врз ликвидноста.

    Според податоците од анкетата што ја спроведе СКМ во домашните компании, 56 отсто изјавиле дека се соочуваат со проблеми поврзани со ликвидноста. Поради тоа е очекувано тие да бараат од државата дополнителна поддршка, и тоа со мерки кои ќе бидат апликативни, не само за малите и средните бизниси, туку и за големите компании, кои реално најмногу придонесуваат и за позитивно придвижување на состојбите на економски план во целата економија.

    „Имајќи го предвид фактот дека корона вирусот ќе доведе до забавување на економската активност, најголем дел од компаниите, вклучувајќи ги и големите индустриски капацитети, ќе трпат огромни штети во работењето. Како странските инвеститори ќе продожат успешно да работат во вакви услови, секако, ќе зависи од самите компании и од нивниот потенцијал да направат соодветна реорганизација на производството, заради намалената побарувачка, но ќе зависи и од поддршката на државата, заради побрзо закрепнување “, констатира СКМ.

    Согласно компаративните показатели за видот на преземените мерки, согласно споменатото истражување на СКМ, евидентно е дека сите држави од регионот имаат воведено определени мерки за малите и средните претпријатија, при што Македонија се посочува како земја во која се дадени конкретни кредитни линии за поддршка, но не и мерки кои обезбедуваат државни гаранции за заеми, кои би овозможиле компаниите да ги покријат оперативните трошоци од работењето (за плати, закупи и слично).

    СКМ посочува дека и во анализата на ОЕЦД Македонија е наведена како единствена земја од Западен Балкан која ја ограничи пристапноста до некои мерки за поддршка (вклучувајќи го и одлагањето на даночни обврски и слично), освен во одредени сектори, како што се туризмот, транспортот и услужниот сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично