ПОВЕЌЕ

    Кинеските банки се подготвуваат за повеќе лоши заеми додека економијата погодена од коронавирус забавува  

    Време зa читање: 5 минути

    КЛУЧНИ ПОЕНТИ

    • Во текот на викендот, финансискиот регулатор на Кина предупреди дека комерцијалните банки можат да доживеат голем скок на лоши заеми бидејќи пандемијата на коронавирус го поттикна забавувањето на економскиот раст на земјата.
    •  Аналитичарите велат дека зголемувањето на лошите заеми е предвидено да ги исцеди маргините и да ги намали профитите во кинеските банки во наредните квартали.
    • Се очекува помалите банки повеќе да го почувствуваат притисокот според предвидувањата на Фич Бохуа

    Кинеските банки досега беа релативно неоштетени од ударот на пандемијата на коронавирус врз економиите ширум светот – но, сето тоа може да се промени во наредните месеци. Според аналитичарите, лошите заеми кои се во подем се предвидува да ги исцедат маргините и да ги намалат профитите.

    Во текот на викендот, финансискиот регулатор на Кина предупреди дека комерцијалните банки може да доживеат голем скок на лоши заеми, со забавувањето на втората по големина економија во светот.

    Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека економскиот раст на Кина во 2020 година ќе спадне на 1% од 6,1% од минатата година.

    Регулаторната комисија за банкарство и осигурување на Кина соопшти дека некои банки допрва треба да издвојат доволно провизии за да ги покријат потенцијалните загуби на заемите. Ако се ​​остават настрана минималните износи на баферите/тампон ќе се овозможи профитите во банкарскиот сектор да се вратат за повеќе од 350 милијарди јуани (50,08 милијарди долари), според регулаторот.

    Во Кина, лошите или нефункционалните заеми генерално се однесуваат на оние со задоцнети отплати над 90 дена. Но, некои банки – наводно повикани од регулаторот – сметаат и дека заемите со пократок временски период на отплата се лоши заеми.

    Аналитичарите велат дека ударот на профитот како резултат на лошите заеми може да се појави во наредните месеци, при што помалите банки се очекува повеќе да го почувствуваат притисокот.

    „Поради различните мерки за олеснување од последиците на вирусот КОВИД-19, кинескиот банкарски сектор не ги пресмета во целост ризиците за профитабилноста и квалитетот на средствата, што може да започнат да се материјализираат во (втората половина на 2020 година) и во 2021 година“, пишуваат аналитичарите од фирмата за кредитни истражувања „Кредитсајтс“ во извештајот од средата.

    Ковид-19 е формалното име на болеста предизвикана од коронавирусот, која за прв пат се појави во Кина пред да се прошири на глобално ниво.

    „Малите и средни финансиски институции остануваат многу поранливи од големите комерцијални банки во државна сопственост со национални франшизи и веројатно ќе го понесат евентуалниот товарот“, додаваат тие.

    Помалите банки се поранливи

    Во извештајот објавен оваа недела од „Фич Бохуа“ – кинеска агенција за рангирање на домашни обврзници, во целосна сопственост на „Фич рејтингс“ – се предвидува градските комерцијални банки да доживеат поголем скок на лошите заеми оваа година, во споредба со нивните поголеми врсници, кои се заемодаватели и банките во државна сопственост.

    Агенцијата ја претстави траекторијата на лоши заеми меѓу различните категории на банки во три различни сценарија.

    Во најлошото сценарио, каде што економскиот раст на Кина се забавува на 1% оваа година, односот на лоши заеми меѓу градските трговски банки ќе се зголеми за 3,44 процентни поени, вели Фич Бохуа. Ова е повеќе од скок од 2,62 процентни поени кај државните банки и 1,92 процентни поени кај државните заемодаватели, според извештајот.

    Релативната слабост на помалите банки е причина зошто кинеската влада воведе мерки насочени кон помош на истите, велат аналитичарите на Кредитсајтс. Мерките вклучуваат такви кои имаат за цел да ги намалат трошоците за финансирање и поддршка за надополнување на капиталот, велат тие.

    Во меѓувреме, поголемите банки имаат ресурси да издржат многу поголеми зголемувања на лошите заеми, според истражувачката фирма.

    Можност за инвеститорите

    И покрај тоа што профитабилноста најверојатно ќе биде оштетена во блиска иднина, окрупнувањето на каматните стапки и закрепнувањето на побарувачката за заеми треба да одат во поддршка на растечките маргини на кинеските банки, се вели во извештајот на Морган Стенли во текот на викендот.

    Сето ова ќе биде врз грбот на целокупното подобрување на кинеската економија. Во кварталот кој заврши на 30 јуни годинава, Кина објави 3,2% годишен економски раст – враќајќи ја контракцијата од 6,8% во претходниот квартал.

    Аналитичарите на Морган Стенли велат дека очекуваат пазарот да погледне подалеку од непосредниот удар на порастот на профитот и, наместо тоа, да се фокусира на можностите за идни приходи.

    Акциите на кинеските банки страдаа оваа година, со индексот FTSE China A 600 Banks – кој ги следи банките со голем и среден капитал наведени на берзата на копнениот дел на Кина – паѓајќи за 10,9% досега годинава, според податоците на „Refinitiv“.

    Морган Стенли изјави дека секоја краткорочна слабост во цената на акциите ќе им овозможи на инвеститорите влезна точка во кинеските банки, како што се кинеската банка на трговците и Пинг Ан банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично