ПОВЕЌЕ

    FINTECH UNICORNS

    Време зa читање: 4 минути

    Првиот збор од насловот – Финансиската технологија, позната и како “Fintech”, е економска индустрија составена од компании кои користат виско развиена технологија за да ги направат финансиските услуги поефикасни. Зборот „Fintech“ всушност се проби во речникот на Оксфорд и се дефинира како „Компјутерски програми и друга технологија што се користи за поддршка или овозможување  на банкарски и финансиски услуги“. Од друга страна, Википедија го дефинира „Fintech“ како „Финансиска технологија, која е деловна линија заснована на користење софтвер за давање финансиски услуги. Компаниите за финансиска технологија генерално се стартапи основани со цел да ги нарушат актуелните финансиски системи и корпорации кои помалку се потпираат на софтверот.

    Вториот дел од насловот – “Unicorns” со финансиска терминологија означува компанија која во основа е стартап и чија вредност е над 1 милијарда долари. Етимолошкото значење на зборот се поврзува со митското животно еднорог, а како основа е нивната исклучителна реткост на глобално ниво.

    Во оваа колумна ќе направиме кратка анализа на најголемите 5 “Fintech” компании кои имаат пазарна вредност поголема од 1 милијарда долари, а сето тоа како најава за големите промени кои се најавуваат во законот за платен промет и големиот потенцијал кој го има оваа индустрија за развој во Македонија.

    Ранк Компанија Вредност (US$ Billion)
    1 PayPal $214
    2 Ant 150
    3 Square 70
    4 Adyen 54
    5 Stripe 35
    6 Lufax 30
    7 AfterPay 28
    8 Lakala 27
    9 WeBank 21
    10 One97 (PayTM) 16

     

    1. Pay Pal е софтвер за полесни и побрзи плаќања преку интернет. Услугата им овозможува на клиентите да плаќаат без споделување на финансиски информации. Pay Pal е достапен во 202 земји, 25 светски валути и неговите услуги ги користат повеќе од 325 милиони корисници. Компанијата е основана во 1998 година, а нејзиното седиште е во Сан Хозе, Калифорнија. Неговата вредност е 214 милијарди долари.
    2. Ant Group всушност е подружница на големата кинеска групација за електронска трговија Alibaba. Првичното име на компанијата беше Alipay, а во 2014 го доби сегашниот назив. Оваа компанија развива платформи за плаќање преку интернет, како и производство на кредитни системи и финансиски услуги кои им овозможуваат на потрошувачите и малите бизниси безбедни и удобни инклузивни финансиски вредности на глобално ниво.
    3. Squere е компанија која е основана од коосновачот на Twitter, Jack Dorsey. Нивниот прв производ, кој исто така е “trademark” на компанијата беше читач на картички кој ги процесираше плаќањата преку мобилен уред. Денес овој читач е во сите големи компании како основа за извршување на плаќања, а нивната вредност на пазарот изнесува 70 милијарди долари.
    4. Adyen е холандска компанија која во основа развива технологија за процесирање на плаќања, платформа за електронска трговија и пос-терминали. Името потекнува од креолскиот јазик, што во превод значи “нов почеток”, реферирајќи на предходниот бизнис на основачите, World Play Group. Во 2019 година, преку платформите на Adyen беа процесирани 240 милијарди долари и оствари нето приход во износ од 497 милиони долари.
    5. Stripe е компанија која се занимава со развој на API(application programming interface), која се интегрира во системите за процесирање на плаќањата преку веб страни и мобилни апликации. Од 2018 години компанијата своето работење го прошири кон кредитирање на правни лица во вид на кредитни картички и кредити. Актуелно за оваа компанија е дека е една од ретките кои за време на пандемијата со Ковид-19 инвестираше во свои филијали во Европа(Чешка, Романија, Бугарија, Кипар и Малта).

    Она што е карактеристично за сите овие компании е нивното магнетно дејство кон инвеститорите. Големи износи на средства се акумулирани преку најразлични бизнис ангели, големи корпоративни инвеститори, а се почесто овие компании се дел од меѓународните берзи. Ако се анализира иднината на оваа индустрија во Македонија може да се каже дека ние сме “апсолутна непозната”. Кај нас сеуште доминираат банките, кои се доминантни во издавањето на картички, системи за електронски плаќања, пос-терминали и сл. Во економската литература постои термин “time lag”, што во слободен превод значи временско закаснување, а во конотација со развиената финансиска технологија се чини дека 2021 е годината кога светските трендови ќе пристигнат и во нашето опкружување.

    Автор: Стручен соработник на Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично