Истражувањата покажаа дека сопружниците го зголемуваат своето индивидуално богатство заедно, но исто така и дека во брак генерацијата позната како милениумци се повеќе ја раздвојува заработката.
Според Националниот центар за здравствена статистика, околу два милиони Американци годишно стапуваат во брак. Нема сомнение дека сите веруваат дека бракот ќе им донесе ново, посреќно поглавје во животот.
Но, она за што можеби повеќето луѓе не размислуваат, ако се венчаат од љубов наместо од интерес, е дали бракот ќе ги направи побогати? Студија спроведена од Универзитетот во Охајо, откри дека луѓето одеднаш го зголемија нивото на богатство по бракот.
По 10 години брак, паровите пријавиле просечна нето вредност од околу 43.000 американски долари, во споредба со 11.000 долари пријавени како „синглови“. Сепак, луѓето кои се омажиле, а потоа се развеле биле во полоша позиција од двете групи. По разводот, просечен маж останал со средства од 8.500 долари, додека просечна разведена жена имала само 3.400 американски долари.
Како што покажува оваа студија, стапувањето во брак има свои ризици, но и придобивки.
Покрај тоа, постојат многу фактори кои играат улога во тоа како бракот влијае на вашите финансии, а еден од главните е дали имате деца.
И така не е само во САД, туку секаде во светот. Друга сегашна студија, поврзана со помладите генерации, покажува дека мажените милениумци ретко имаат заеднички буџет за домаќинствата. Тие главно ги „чуваат“ своите плати на картички, а парите ги трошат по сопствено наоѓање, освен за плаќање заеднички сметки. Економскиот пад предизвикан од пандемијата доведе милиони Американци во несигурна финансиска состојба. Имаше масовни барања за помош во бирото, отпуштања, намалување на платите, но и реорганизација на личните финансии.