Европската унија ќе формира централно тело за спречување на активности поврзани со перење пари, по низата скандали кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на „валкани“ пари преку нејзините банки.
Министрите за финансии се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директни овластувања“, се вели во нацрт-изјавата, која треба да биде одобрена на состанокот во декември, пренесува Indikator.ba.
Мисијата на ова тело е да биде финансиска полициска институција во согласност со правилата на ЕУ за детална проверка на купувачите и други гаранции.
Најгласните земји за формирање на ново тело како би се избегнале нови кризи, се Франција и Холандија, пренесува Indikator.ba.
Европа ја погодија неколку скандали во изминатиот период, од кои најголемиот беше за перење на 30 милијарди евра руски пари од Danske Bank.
Извор: Bankar.rs