За да има поголем број на стартапи во ИТ секторот, владата на Македонија, се обидува да воведе промена на даночната политика, каде ќе се применуваат различни услови за ИТ секторот.
Имено, за вработените во ИТ секторот, данокот на доход би се намалил на нула до 2023 година. Планот е да се намали од сегашните 10 проценти на пет проценти следната година и на 2 проценти во 2021 година.
Покрај тоа, економската политика ќе биде насочена кон развој на иновации и инвестиции во технолошки развој, бидејќи владата смета дека ова е шанса за посакувана трансформација на економијата. До крајот на 2020 година ќе заврши процесот на анализа и препораки за понатамошно зајакнување на Фондот за иновации и технолошки развој.