ПОВЕЌЕ

    Како пандемијата влијае врз перењето пари: Нови околности, нови видови криминал

    Време зa читање: 5 минути

    Медицинскиот криминал, корупцијата, сајбер криминалот и пренесувањето на нeзаконски стекнатите пари се најчестите видови злоупотребакои се користат како нови начини на перење пари од страна на криминалците во текот на здравствената и економска криза. Корона-пандемијата предизвика човечки страдања, економски пореметувања и предизвици незабележани во поновата историја.Обидувајќи се да ги намалат потресите и да ја стабилизираат ситуацијата, државите превземаат мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Меѓутоа, новите околности и реакциите на државите неминовно создаваат и услови за злоупотреби, кои криминалот ги користи како нови начини за перењето пари.

    Според истражувањето на MONEYVAL, постојаното тело на Советот на Европа, кое проценува мерки противперењето пари и финансирањето на тероризмот, главните предизвици поврзани со пандемијата се измамите, медицинскиот криминал, корупцијата, сајбер-криминалот и пренесувањето на незаконски стекнатите пари.

    Притоа се идентификувани три најчести облици на измами поврзани со актуелната здравствена криза. Првата се измамите со медицинска опрема. Поради недостигот на медицинската и заштитна опрема пораснала побарувачката, а со тоа и злоупотребите, какви што се неиспорачувањето на стоката, испорачани производи со сомнителен квалитет, па дури и испорачување на фалсификувана стока.

    Забележано е дека криминалот сѐ повеќе ги злоупотребува и мерките за социјална помош од страна на државите за загрозените категории население, какви што се даночните олеснувања за стопанството, финансиската помош на фирмите за да ги задржат вработените, мораториумите за плаќање на обврските од кредити, за перење пари.

    Исто така, некои од почестите облици на измами се однесуваат на јавните набавки, кога се „надувуваат“ фактури за набавка на медицинска опрема.

    Каде е системот најранлив?

    Вонредните околности влијаат на побарувачката на медицинска опрема, но истовремено ја успоруваат постапката за набавка, со што се поттикнува и медицинскиот криминал. Откриени се случаи на набавка фалсификувана здравствена опрема или случаи кога биле намалувани критериумите за набавка на тендерите, па испорачаната опрема го задоволувала бараниот квалитет, но, сепак ги немала потребните сертификати и како таква била неупотреблива. А, бидејќи нарачаната опрема однапред се плаќа, ваквите набавки значеле неповратно загубени пари.

    Во светот се откриени и примери на корупција во кои на тендери за набавка на медицинска опрема се јавувале фирми кои не биле регистрирани за овој вид трговија или ја измениле својата дејност непосредно пред тендерот, за да ги задоволат тендерските услови. Истрагите покажале дека овие фирми често биле во сопственост или под контрола на јавни службеници или државни функционери.

    Со порастот на електронската комуникација во услови на пандемија расте и бројката на лажни претставувања со цел крадење на податоци. Сајбер-криминалците често, преку и-мејл лажно им се претставувале на приватни лица или на компании како претставници на државна или меѓународна здравствена институција, наведувајќи ги да отвораат атачменти со, наводно, најнови упатства поврзани со коронавирусот. На тој начин тие преку компјутерски програми (malware), успеваат да дојдат до бараните податоци и доверливи информации од својата жртва.

    Привременото затворање или потешкото поминување на границите го намалија и прекуграничното движење на кешот кој криминалците го користат за финансирање на своите активности, но тоа не ги спречило сосема и натаму незаконски да пренесуваат незаконски стекнати пари.

    Меѓувладино тело познато како ФАТФ (Financial Action Task Force) кое ги поставува меѓународните стандарди во борбата против финансирањето на тероризам и перење пари, предупреди дека криминалот наоѓа начини да ги заобиколи постапките на препознавање и следење на клиентот (таканаречени customer due diligence), во услови на онлајн работење, со цел да прикријат што поседуваат или да исперат пари. Зголемен е обемот на злоупотребите на онлајн финансиските услуги и на виртуелната сопственост за пренос на сопственоста и прикривање на незаконски стекнати пари, за што најчесто се користат економските стимулативни мерки предвидени во пакетите на државна помош и шемите на несолвентност.

    Поради постојниот тренд,граѓаните, стравувајќи од можна нестабилност на финансискиот систем, да ги повлекуваат своите заштеди од банките, се очекува да порасне понудата на услуги кои ги нудат нерегулирани финансиски институции, што им отвора можност на криминалците да исперат пари. На овој тренд на рака му одат злоупотребите на домашната и на странската финансиска помош, кои ги следи зголемена корупција. Земјите во развој во услови на криза настојуваат да ја зголемат својата ликвидност, а криминалот тоа го ползува за перење пари, за финансирање на деловни операции, како и за онлајн апели за лажно собирање на пари за хуманитарни цели.

    Одговори на заканите

    MONEYVAL препорачува, како одговор на заканите, сите држави целосно да го усогласат своето законодавство со препораките на ФАТФ и доследно да ги применуваат, истовремено помагајќи му на приватниот сектор со релевантно и навремено информирање. Предлог на ова меѓународно телое сегашните матрици за проценки на ризикот од перењето пари и финансирањето на тероризам да им се прилагодат на новите облици на закани, а надлежните институции при непосреден надзорповеќе да ги користат новите технологии како што се видео-конференциите или да разменуваат информации преку клауд-сервисот за да се надминат ограничувањата кои ги наметнува пандемијата. Новите околности бараат и подобра меѓународна соработка за полесно добивање на релевантни информацииза правните лица и за нивните вистински сопственици, како и поинтензивна соработка на државните органи со соодветните управи за спречување на перењето пари така што ќе ги споделуваат информациите за оперативни случаи, типологии и нови закани од перење пари.

    А, бидејќи е веќе јасно дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе потрае, јасно е и дека криминалот постојано ќе изнаоѓа нови начини за финансиски злоупотреби. Затоа задача на сите учесници во системот за зпречување на перењето пари на државно и на меѓународно ниво е навреме да реагираат за навремено да ги препознаат злоупотребите, да го разберат начинот на кој тие се одвиваат и за да превземат соодветни мерки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично