ПОВЕЌЕ

    ЕУ започнува со создавање на европска банкарска картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија оваа есен ќе претстави стратегија за интегриран пазар на плаќања во ЕУ за да ја олесни употребата на националните услуги за плаќање ширум Европа и да ја намали зависноста од меѓународните оператори со картички, како Visa или Mastercard.

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    Единствената област за плаќања во евра (SEPA) предвидува унифицирани кредитни трансфери и директни задолжувања за граѓаните во ЕУ. Меѓутоа, SEPA за картички е сè уште далеку од реалноста, бидејќи националните картички и банките сè уште не се во состојба да ги надминат бариерите за поврзување и интероперабилност и поставување заеднички стандарди.

    Меѓутоа, брзата промена на подрачјето на инстант плаќања, кои го нарушија новите технолошки компании, може да пружи прилика што поскоро да се постигне единствен простор за европски картички, соопшти ECB, што на крај би било од корист за сопствениците на картички и трговците.

    Во таква позадина, се очекува Комисијата на есен да ја претстави стратегијата насочена кон создавање на „иновативен, интегриран и конкурентен сектор за малопродажни плаќања во Европа со кој би се натпреварувал со глобалните компании“, изјави официјален претставник на ЕУ за EURACTIV.com.

    Извршната власт на ЕУ, исто така, ќе претстави нова стратегија за дигитално финансирање, во согласност со програмата за работа на Комисијата. За да се отвори пат кон законодавството, наскоро ќе започнат јавни консултации за плаќањата, соопшти комисијата.

    Официјален претставник на ЕУ објасни дека поради фрагментацијата на шемите за национални картички, дури и најсилните европски оператори нудат услуги кои работат само во одделни земји членки. Како резултат на тоа, „мора да се здружат со големи меѓународни оператори кои не се европски ако сакаат да понудат паневропски плаќања“, додаде тој.

    Намерата за намалување на зависноста од глобалните играчи, како Visa или Mastercard, е во согласност со новата општа цел на ЕУ за јакнење на европскиот суверенитет.

    Европската централна банка веќе зацрта пат напред. Нејзината TARGET Instant Payment Settlement (TIPS), започна во ноември 2018 година, би можела да создаде потребен “замав” за разбивање на националните граници, соопшти ECB

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично