ПОВЕЌЕ

    Владата донесе пакет од 26 мерки „тежок“ 400 милиони евра за заштита на граѓаните и компаниите

    Време зa читање: 6 минути

    Повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 на нула отсто е една од 26 мерки и препораки кои ги донесе денеска Владата за заштита на стандардот на граѓаните за ликвидноста на компаниите.

    Одговорноста на сите политички партии е да го поддржат овој пакет на економски мерки, што тежат 400 милиони евра“, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, по објавувањето на пектетот мерки и препораки за справување со економската криза.

    Тој појасни дека дел од мерките и препораките, особено во делот на акцизата, во делот на ДДВ-то треба да се направат измени во законите за акцизата и за ДДВ, а тие, како што рече, веднаш ќе бидат пратени во Собранието.

    Пакетот мерки е поделен во две категории: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка, рече на прес конференција премиерот Димитар Ковачевски .

    Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории…

    – Предизвиците пред нас се огромни. во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

    „Ги замрзнуваме маржите на основните производи за исхрана, со оваа мерка спречуваме создавање на наднормален профит а ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовниот шок врз одбрана категорија прехранбени производи“, рече Ковачевски.

    За најранливите категории граѓани се предвидени ваучери односно субвенции за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35 илјади граѓани кои ќе може да се користат за купување на основни производи. Понатаму, се воведува автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки, односно се укинуваат царинските давачки за основните прехранбени производи и тоа за сите земји.

    Се пролонгира примената на повластената даночна стапка од 5 проценти за прометот со електрична енергија кон домаќинствата со што се ублажува ценовниот удар и се штити стандардот на граѓаните и повластената стапка ќе важи до декември 2022 година.

    Препорака за менување на методологијата за утврдување на цената за домаќинства и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија. Нова методологија која ќе обезбеди пониска цена за електричната енергија за домаќинствата кои се најпогодени и за малите потрошувачи.

    Понатаму, се продолжува програмата за енергетска сиромаштија. Оваа мерка вклучува субвенции за потрошувачи за електрична енергија за сите домаќинства корисници, потоа се субвенционираат пензионерите – во износ од 1.000 денари за три месеци за купување на основните производи.

    Исто така, се продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Со што се штитат потрошувачите во периодот на значителен ценовен пораст на електричната енергија. Мерката е активна до јуни 2022 година.

    Се субвенционира цената на топлинската енергија, а исто така се финансираат и проекти за енергетска ефикасност за општините преку поволен кредит преку Светска банка.

    Една од мерките е и промоција на програми за обновливи извори на енергија во домаќинствата за 2022 година од 30 милиони денари кои ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка на домаќинствата.

    Сите пратеници, без исклучок од која политичка партија доаѓаат имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале и пред сите граѓаните во државата“, рече меѓу другото Ковачевски.

    Премиерот содаде дека ова не се само еднострани мерки, што се однесуваат само на акциза или на ДДВ, туку се однесувааат и на поддршка на граѓаните од најранливите категории, на поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.

    Премиерот Ковачевски наведе дека се наоѓаме во најголемата економска повоена криза во Европа и истакна дека ова ќе биде тешка година, но, истакна, со добри политики ќе ја премостиме.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими, појасни дека во вкупниот износ на пакетот мерки од 400 милиони евра, 90 милиони евра се откажување од приходи, а околу 310 директни фискални расходи.

    „Меѓутоа, бидејќи во самиот сет мерки има, покрај краткорочни, и среднорочни што ќе значат подобрување на структурата на нашата економија и стопанството. За да може да опстане при вакви услови таму има дополнителен ефект со мобилизирање на капитал од приватниот сектор, односно комерцијалните банки и очекуваните ефекти од овие мерки се некаде 500 милиони евра во економијата. Значи, повеќе отколку што се директните и индиректните фискални трошоци или фискалната импликација за овој пакет кој реков дека изнесува 400 милиони евра, појасни Бесими во одговор на новинарако прашање.

    Прашан дали наскоро ќе има ребаланс тој истакна дека вообичаена пракса е да има ребаланс во текот на годината, особено во услови на криза како сега.

    „Ние денес зборувавме за мерките и начинот на финансирање од кои дел се предвидени во Програмата, дел се прават со реалокации од овие средства, и дел од тие коишто се подолгорочни, пообемни ќе се реализираат со ребаланс и реалокација кога ќе се укаже потреба за тоа, но ребалансот и ликвидноста на Буџетот се две различни работи. Од аспект на ликвидноста сакам уште еднаш да кажам, Буџетот во досегашниот период апсолутно немал никакви проблеми во испорачувањето на тоа што се редовни плати на администрацијата, од тоа што значат редовни  исплаќања на пензии од страна на Фондот за пензиско осигурување, тоа што значи здравствено осигурување и сите други потреби што се тековни за извршување од страна на Буџетот на РСМ, истакна министерот Бесими на прес-конференцијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично