ПОВЕЌЕ

    До 2030 година, побарувачката на нафта ќе се намали за 70 проценти во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Ненадејната транзиција кон електрични возила предводена од Кина ќе го намали глобалниот раст на побарувачката на нафта за 70 проценти до 2030 година, според истражувањето на консултантската компанија „Carbon Tracker“ ”

    Според истражувањето, за 10 години, Кина може да заштеди повеќе од 80 милијарди долари во трошоци за увоз на нафта годишно, благодарение на сè поконкурентните возила напојувани од нови извори на енергија.

    Ројтерс известува дека истражувањето е засновано на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), кое предвидува дека електричните возила ќе учествуваат со 40% од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20% од продажбата во Индија и другите пазари во развој до 2030 година.

    Трошоците за увоз на нафта потребна за производство на гориво за просечен автомобил е десет пати повисока од цената за набавка на соларна опрема потребна за производство на електрична енергија за напојување на електрично возило, посочува Carbon Tracker во студијата.

    Кина сè уште не утврдила кога точно ќе забрани производство и продажба на традиционални автомобили, но неименуван службеник во автомобилската индустрија на почетокот на овој месец изјави дека новите електрични возила ќе сочинуваат половина од целата продажба на нови автомобили до 2035 година, додека остатокот ќе биде хибридни возила.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично