ПОВЕЌЕ

    Петар Тодоровски: Глобален бизнис, американска адреса I New Biz Podcast

    Време зa читање: 2 минути

    Дали размислуваш за проширување на својот бизнис надвор од границите? Што ако можеш да регистрираш компанија во САД, без притоа воопшто да не одиш таму? Во оваа епизода на New Biz Podcast, разговараме со Петар Тодоровски, основачот на Neubase, за тоа како претприемачи, фриленсери и старт-апи од целиот свет можат да основаат компанија во САД и легално да работат на глобалниот пазар.​

    Како можеш легално да водиш бизнис во САД како нерезидент? Зошто Вајоминг и Делавер се најчестите избори за регистрација на компании? Како финтек решенијата како Mercury и Brex ја менуваат играта?

    Петар го споделува своето лично искуство, бидејќи овој пат тој го поминал сам пред да ја основа Neubase – компанија која им помага на бизнисите безбедно и брзо да воспостават операции во САД. Од правни регулативи и даночни обврски, до банкарски решенија и стратегии за долгорочен раст – оваа епизода е полна со корисни совети и реални примери. ​

    Дали си фриленсер кој сака да фактурира на меѓународни клиенти? Старт-ап основач кој сака да влезе на американскиот пазар или претприемач кој размислува за глобална експанзија? Тогаш, оваа епизода е must!​

    Проектот е копродукција на  @webmindmk  и  @parimedium  поддржан од #SustainMedia програмата на GIZ. ​

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично