„Граѓаните често не знаат како нивниот долг од 1.000 денари може да порасне на 10.000. Дали законските механизми се доволно јасни? Колкави се тарифите и кој ги одредува? Дали извршителите можат да злоупотребат одредени законски празнини? Весна Деловска, претседателка на Комората на извршители, објаснува како функционира системот и кои се најчестите заблуди.“
Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
„Имаме две сметки за неплата на некоја комунална услуга, двете се по 500 денари, вкупно 1000 денари. Тоа е основица од која ние тргнуваме и тоа е главен долг, 1000 денари. Порано таа илјадарка можеше да оди со неплатена камата и до 20 илјади.
Но, во моментот, одредбите што се сменија, таа илјадарка може по основ на камата да биде плус илјадарка, 1 и 1 се 2. Е сега, во делот на извршните дејствија, награда, трошоци, адвокати, основицата е илјадарка, а секое наше дејствије си е определено по тарифата. На тоа не се пресметува камата? Апсолутно, на нашите трошоти нема камата и без разлика, значи и нашиот дел, и нашите дејствија, и покрај тоа што се превземени во некои предмети пред 10 или 12 години, изготвувањето на налогот, доставата или сето тоа, на извршните трошоти не се пресметува камата.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб“ и да го следите нашиот канал!“