ПОВЕЌЕ

    Wall Street остро падна четврти ден по ред

    Време зa читање: 2 минути

    На Wall Street цените на акциите остро паднаа и во вторникот, четврти ден по ред, бидејќи инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, со оглед на тоа дека поради коронавирусот надвор од Кина економските штети би можеле да бидат многу поголеми од тоа што се очекуваше.

    Dow Jones потона 879 поени или 3,15 проценти на 27.081 поени, додека S&P 500 падна за 3,03 проценти на 3.128 поени, a Nasdaq индексот 2,77 проценти, на 8.965 поени.

    Во последните четири дена тие индекси потонаа повеќе од 7,5 проценти, што не е забележано уште од масовната распродажба во декември 2018 година.

    Во текот на изминатите четири дена, пазарната вредност на акциите од составот на S&P 500 индексот е намалена за 2,138 милијарди долари.

    Последица на тоа е зајакнувањето на стравовите на инвеститорите од ширење на коронавирусот надвор од Кина – од Јужна Кореја, преку Иран, до Италија и Шпанија.

    „Пазарот признава дека коронавирусот се шири глобално, иако се чини дека растот на бројот на заразени се забавува“, вели Шон Круз, директор во компанијата TD Ameritrade.

    И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се спушти за 1,94 проценти на 7.017 поени, додека франкфуртскиот DAX потона за 1,88 проценти, на 12.790 поени, а париски CAC за 1,94 проценти, на 5.679 поени.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично