ПОВЕЌЕ

    Три банки денес ги исплаќаат пензиите за август

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дел од пензионерите предвреме ќд ги добијат августовските пензии. Денес исплата вршат Стопанска банка Скопје, Халк банка и Алта банка Битола.

    Од Стопанска банка информираат дека средствата ќе бидат достапни на сметките во текот на денот. Пензионерите – клиенти на Банката ќе можат готовина да повлекуваат од банкоматите или  да вршат плаќања во трговската мрежа.

    ​Пензиите за август се веќе достапни, велат од Халк банка: „Од денес, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство“. Клиентите што дале согласност, парите можат да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

    И од Алта банка упатија соопштение до пензионерите дека денес средствата ќе бидат исплатени на нивните трансакциски сметки. И веднаш ќе бидат достапни за користење преку банкоматите, како и во експозитурите на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично