ПОВЕЌЕ

    Со вложувања во хартии од вредност зголемени средствата на пензиските фондови и осигурителните друштва

    Време зa читање: 2 минути

    Вкупните средства на останатите финансиски институции изнесуваат 187.888 милиони денари, што е раст од 9.012 милиони денари на квартална основа. Притоа, најголем е уделот на пензиските фондови – 65,4 отсто, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 17,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка за состојбите во овој сегмент во првото годинешно тримесечје.

    Најголем дел од средствата се вложувања во должнички, но и во сопственички хартии од вредност, со учество од 51,4 и 24,9 отсто, соодветно. Тоа, велат од Централната банка, ги зголемило вкупните средства на пензиските фондови – задолжителни и доброволни, кои на крајот од март забележале квартално зголемување од пет насто. А, на годишна основа за 11,4 проценти.

    Исто така квартално пораснала и стапката на вкупните средства на осигурителните друштва, која е 4,5 проценти, а годишното зголемување е 7,2 насто.

    Податоците за вкупните средства на инвестициските фондови упатуваат дека на крајот од март имало квартален раст од 6,5, а на годшно ниво за 1,5 проценти. Исто и кај вкупните средства на финансиските друштва е забележан квартален и годишен раст од 4,7 и 30,4 насто, соодветно.

    Раст има и кај вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг, каде што месечното и годишното зголемување се 6,2 и 24,4 проценти, соодветно.

    Кога станува збор за друштвата за управување со пензиски и инвестициски фондови, нивните вкупни средства се повисоки за 2,7 насто на тримесечна основа, а на годишна за 10,1 процент, што се објаснува со зголемените вложувања во должнички хартии од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично