ПОВЕЌЕ

    Раст од 47% на вкупните приходи на Гранит – Образложение за остварениот резултат од почетокот на 2019 до месец септември

    Време зa читање: 2 минути

    ГД Гранит АД преку Македонска Берза го објави образложението за периодот Јануари – Септември 2019 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниoт неконсолидиран Биланс на успех.

    Сметководствени политики и методи на вреднување

    Во 2019 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на ГД Гранит АД.

    Вкупни приходи

    Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември  2019 година изнесуваат 3.898.829 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2018 година бележат раст за 47 %.

    Вкупни расходи

    Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2019 се во износ од  3.724.617 илјади денари,  споредено  со  истиот период во  2018 година бележат  зголемување   за 46 % .

    Дивиденда

    На 19.06.2019 година на Годишното собрание на акционери утврдена е бруто дивиденда за 2018 година во износ од 83.106 илјади денари , односно 30 денари бруто за една акција.

    Инвестиции

    Вкупните инвестиции во основни средства  во периодот јануари – септември  2019 година  изнесуваат 298.604 илјади денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично