ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ” АНАЛИЗА: Во банките штедиме 7,2 милијарди евра, а должиме 6 милијарди. Како фирмите и граѓаните менаџираат со своите пари во кризата?

    Време зa читање: 3 минути

    Домаќинствата, на крајот од јули се позадолжени кај банките за 8 проценти во однос од пред една година, покажуваат податоците на Народната банка. Штедењето пак, покажува анализата на Pari.com.mk забавило. Така, населенито за една година, ги зголемило депозитите за 4,3 проценти. Овие податоци се очекувани, со оглед на пандемијата, рестрикциите, зголемениот број на невработени и намалување на платите кај дел од вработените.

    ФИРМИТЕ НА СВОИТЕ СМЕТКИ ИМААТ ЗНАЧАЈНО ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ПРЕД ЕДНА ГОДИНА

    Но, од друга страна, фимите на своите сметки имале значајно повеќе пари отколу пред една година, односно растот на депозитите кај корпоративниот сектор во јули во однос на истиот месец пред една година е за дури 17,1 процент! Од друга страна, кредитниот раст е низок и изнесува само 2 проценти.

    Овие податоци сами по себе зборуваат многу. Ваков раст на депозити во корпоративниот сектор немало и во нормални услови. На пример, во 2019 година, како претпандемиска година, во истиот месец, односно во јули, годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор бил 9,1 проценти. И по првиот налет на пандемијата, во јули 2020 година, растот на депозитите кај корпоративниот сектор на годишна основа бил сличен и изнесувал 9 проценти.

    Годишен раст на депозити во корпоративниот сектор во последните 5 години

    (јули од тековната година во однос на јули од претходната година)

    ГодинаРаст на депозити
    201711,4 %
    201813,5 %
    20199,1 %
    20209,0 %
    202117,1 %

    Состојбата со растот на парите со кои располага корпоративниот сектор покажува дека тој станува подоходовен и попрофитабилен. Но, исто така покажува и дека компаниите се уште се воздржуваат од инвестициски активности и ги чуваат парите на сметка. Она што фрла мала сенка е фактот што на месечна основа, депозитите кај корпоративниот сектор во јули се намалиле за 0,3 проценти во однос на јуни.

    КОРПОРАТИВНИОТ СЕКТОР ДОЛЖИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОТКОЛКУ ШТО ИМА ДЕПОЗИТИ

    Ако пак, податоците се гледаат во апсолутни износи, домаќинствата се тие што имаат многу повеќе пари во банките. Вкупните депозити на домаќинствата се 4,77 милијарди евра, додека на корпоративниот сектор се малку повеќе од 2 милијарди евра. Во однос на кредитите пак, разликата не е вака драстична. Корпоративниот сектор на крајот од јули има вкупни кредити од 2,87 милијарди евра, а домаќинствата должат 3,17 милијарди евра. Значи, корпоративниот сектор должи повеќе пари отколку што има депозити! Но, затоа наслението е тоа кое прави разлика од 1,6 милијарди евра меѓу своите депозити и кредити.

    Вкупни депозити и кредити, состојба на 30.07.2021 (во милијарди евра)

    КлиентиДепозитиКредити
    Домаќинства4.773.17
    Корпоративен сектор2.092.87
    Вкупно (недржавен сектор)7.296.07

    Ако се аналзираат кредитите на домаќинствата по видови, вообичаено најзастапени се потрошувачките кредит со 1,68 милијарди евра. Тие за една година забележале раст од 7,4 проценти. Зад нив се станбените кредити кои забележале раст од дури 15,1 процент и нивниот вкупен износ на крајот од јули бил 1,03 милијарди евра.*(по сите основи)-

    Структура на кредитите кај населението (состојба 30.06.2021)

    НаменаИзносГодишна промена (во %)
    Потрошувачки кредит1.68 милијарди евра7,4
    Станбен кредит1.03 милијарди евра15,1
    Кредитни картички170 милиони евра-9,5
    Негативни салда102 милиони евра4,2
    Автомобилски3.8 милиони евра-17,3
    Други кредити47.3 милиони евра-26,3

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично