Оттаму велат дека овие дестинации се познати по нивната култура, природа и гостопримство.

Позната по своите кули, цркви и долги порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Градот има голема студентска популација што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна е познат по својата префинета архитектура и кујна.

Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е жариште на забавата во Европа, обезбедувајќи атракции за сите членови на семејството, особено за малите благодарение на познатиот Леголенд.

Сместен директно на брегот на езерото Констанца, Фридрихсхафен е познат по својата природа, како и по тоа што нуди акција и забава во, околу и на вода – велат од „Виз Ер“.

Оттаму ги советуваат патниците да ги проверат рестрикциите за патување пред да го почнат своето патување. Со Мапата за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на „Виз Ер“. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.

Картите за новите рути се веќе во продажба на интернет страницата wizzair.com со цени од 1.229 денари / 19.99 евра.