ПОВЕЌЕ

    Во првите шест месеци НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 94,3 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Надзорниот одбор на НЛБ Групацијата на својот 57-ми состанок ги објави резултатите од своето работење во првите шест месеци од оваа година. Со трендот на стабилно и профитабилно деловно работење Групацијата и во првaта половина од 2019 година остварила нето добивка од 94,3 милиони евра. Подружните банки во Југоисточна Европа продолжија да работат добро, придонесувајќи со 38,4% во добивката на Групацијата пред оданочување.

    Добивката пред исправки и резервации изнесуваше 116 милиони евра и се зголеми за 12,5% на годишно ниво. Вкупниот нето приход од работењето изнесува 257,4 милиони евра, што претставува зголемување за 6% година на година (прво полугодие од 2018: 243 милиони евра).

    Зголемувањето се заснова на повисоки нето приходи од камати (зголемување од 5% на годишно ниво) и приходи од нето провизии и надомести (3% зголемување на годишна основа). Нето приходите од камати се зголемија во сите банки на Групацијата како резултат на растот на обемот на кредити и пониските трошоци за камати.

    На состанокот беше заклучено дека и понатаму продолжува трендот на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио. НЛБ Групацијата е на добар пат кон исполнување на среднорочните финансиски цели и покрај сè поголемиот предизвик на економското окружување со ниски каматни стапки.

    Надзорниот одбор исто така ги забележа клучните елементи на новата стратегија на НЛБ Групацијата и даде зелено светло за формирање на нова компанија за лизинг. Со успешно завршената приватизација на НЛБ, одредени обврски престанаа да се применуваат, меѓу нив и забраната за лизинг активности. Со тоа, НЛБ ќе го надополни својот асортиман на производи со најсовремени решенија за лизинг кои се фокусираат на мобилност во Словенија и последователно во регионот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично