ПОВЕЌЕ

    ЛИСТАТА НА „ФОРБС“ ПРЕТРПЕ ДРАСТИЧНИ ИЗМЕНИ – ПРИЧИНА КОРОНАВИРУСОТ

    Време зa читање: 2 минути

    Пандемијата на коронавирусот е главна причина за  измени на листата на милијардери на магазинот „Форбс“, а многумина дури и ги исфрли од листата.

    Магазинот „Форбс“ ја објави  листата со најбогати луѓе на светот, а тоа што веднаш може да се заклучи е дека пандемијата на коронавирусот драстично влијаела и многумина исфрлила од „клубот“.

    Во првата половина од март дури 226 луѓе го загубиле статусот на милијардери, а 58 има помалку во однос на истиот период од минатата година.

    На листата на „Форбс“ има вкупно 2,095 милијардери.

    Сепак, треба да се напомене дека ниту пандемијата, ниту пак разводот тежок 40 милијарди долари не го спречија првиот човек на “Amazon”, Џеф Безос трета година по ред да се најде на врвот на листата. Безос се најде на врвот благодарение на нето вредноста од 113 милијарди долари, иако бележи пад од 18 милијарди долари во однос на претходната година.

    Причина за падот е разводот од сега веќе неговата поранешна сопруга Мекензи Безос. Со постигнатиот договор од разводот, Мекензи доби 38 милијарди долари. Таа доби 25% од акциите на “Amazon” со што се најде на 22-то место на листата на „Форбс“. Меѓутоа, акциите на “Amazon” во меѓувреме пораснаа за 15% во однос на минатата година, а со тоа Безос ги надомести дел од загубите од разводот.

    На второто место е основачот на “Microsoft”, Бил Гејтс, а големо изненадување има на третото место каде што се искачи Бернар Арно кој е извршен директор на “LVMH” со богатство од 76 милијарди долари. Со тоа, на четвртото место падна Ворен Бафет со 67,5 милијарди долари.

    Најбогата жена на светот и натаму е наследничката на “Walmart”, Алис Волтон која со богатството проценето на 54,4 милијарди долари се најде на 9-то место на листата со најбогати луѓе на светот.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично