ПОВЕЌЕ

    Осигурителни полиси за граѓани на шалтерите на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка го збогати портфолиото на услуги што ги нуди со продажба на осигурителни полиси за население. Од 01.08.2020 година, во следниве експозитури и филијали на Банката може да купите полиси за неживотно осигурување од Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп и од Триглав осигурување АД Скопје.

    Банката ги нуди следните осигурувања за физички лица:

    Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп:

    • Хипотекарна полиса за осигурување на домаќинство, за корисниците на станбен кредит во Комерцијална банка, која трае до исплата на  кредитот и има специјална цена
    • Домаќинско осигурување (годишни полиси за клиенти кои сакаат пошироко покритие од хипотекарната полиса)

    Триглав осигурување АД Скопје:

    • Здравствено патничко осигурување
    • Каско осигурување
    • Авто одговорност
    • Зелена карта

    Зошто сте во предност доколку купите осигурителна полиса преку Комерцијална банка? Затоа што добивате сѐ на едно место – банкарски производ или услуга, осигурителна полиса со иста цена и поволности како во осигурителното друштво, можност за плаќање на рати и помош од нашите вработени за избор на полиса согласно вашите потреби. Комерцијална банка со новата услуга ви овозможува да заштедите и време и пари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично