ПОВЕЌЕ

    Како Елон Маск се искачи до врвот на најбогатите? Тој ги открива своите 6 тајни за деловен успех

    Време зa читање: 2 минути

    Илон Маск е втор најбогат човек во светот и неговото богатство се проценува на околу 171,6 милијарди долари. Минатата година беше дефинитивно негова, бидејќи забележа успеси со обете компании: SpaceX испрати астронаути во вселената и успешно ги врати на Земјата, а Тесла е официјално единствениот профитер меѓу авто-гигантите.

    Иако тој доминира на пазарот на е-возила, и воопшто во бизнисот, Маск е исто така семеен човек. Тој е многу близок со неговата мајка Маја, сестрата и братот, новата избраничка и неговите седум сина.

    Ова се тајните на деловниот успех на Илон Маск

    1. Имајте став дека „не е сè во парите“. Кога бил интервјуиран од новинар на Би-Би-Си во 2014 година, Маск не знаел колку пари има на својата сметка, поточно, тој рече дека не знае колку е богат.

    Тој верува дека огромното богатство е оправдано само ако настанало поради некоја етичка причина, со некое значење.

    2. Следењето на сопствените страсти води кон успех. Маск вели дека го основал „SpaceX“ затоа што постојните вселенски компании не биле доволно амбициозни „за неговиот вкус“.

    3. Не плашете се да „сонувате големи работи“. Навистина, овој Американец, чиј коефициент на интелигенција е 155, сака револуција во автомобилската индустрија, колонизација на Марс, изградба на супер брзи возови во вакуумски тунели, интеграција на вештачката интелигенција во човечкиот мозок и промоција на соларната и батеријата индустрии.

    4. Бидете подготвени да ризикувате. Она што го прави Маск не е ниту конвенционално ниту глобално прифатено, ниту беше профитабилно на почетокот. Сепак, ризикот се исплатеше.

    5. Игнорирај ја критиката е мотото кон кое строго се придржува основачот на „Тесла“, во спротивно тој не би бил таму каде што е. Маск честопати бил недоразбран и малтретиран на училиште, па своите боречки вештини ги усовршил на 15-годишна возраст.

    6. Уживајте, бидете горди на себе. Маск е познат работохолик, не се двоуми да работи во фабрика, но знае и да ужива. Тој неодамна го доби седмиот син, кој наполни еден година во мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично