ПОВЕЌЕ

    ЕЦБ: „Ниските каматни стапки ја загрозуваат финансиската стабилност во Еврозоната“

    Време зa читање: 2 минути

    Ризиците по финансиската стабилност во еврозоната делумно се зголемија со политиката на ниски каматни стапки на банките, констатираше потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гиндос во полугодишниот билтен објавен во средата.

    Во март 2016 година, ЕЦБ ја намали референтната каматна стапка во Еврозоната на нула, а во меѓувреме воведе и негативна каматна стапка на банкарските депозити, пренесува Blic.

    И покрај тоа што ниските каматни стапки ја поттикнаа економија, Де Гиндос, сепак предупредува дека банкарскиот сектор покажува зголемена тенденција да презема поголеми ризици со цел да ја зголеми профитабилноста. Ова на среден рок може да создаде предизвици за финансиската стабилност, објаснува Де Гиндос.

    Осигурениците и инвестициските фондови, исто така, би можеле да бидат во „искушение“ да преземат прекумерни ризици, а сличен проблем може да се појави на одредени пазари на недвижности, рече потпретседателот на ЕЦБ. Ова, предупредува Де Гиндос, би можело да стане проблем кога ќе се променат цените, што ќе доведе до повисоки каматни стапки.

    Во претходните изјави, лидерот на ЕЦБ посочи дека има премногу банки во Еврозоната, од кои повеќето имаат мал удел на пазарот и се под силен конкурентен притисок, додавајќи дека „банките значително ја подобрија отпорноста во последните неколку години“.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично