ПОВЕЌЕ

    ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ: Автомобилскиот сектор во рикверц. Збришани 30 милиони евра од вкупните приходи на топ 10 увозници на возила

    Време зa читање: 4 минути

    Ударот на кризата врз автомобилската индустрија е повеќекратен. Најпрво започна со изолирањето и работењето од дома кога на удар беше побарувачката за нови автомобили. Драстично се намалија потребите од превозни средства, а пазарот се обидуваше преку најразлични промотивни кампањи да надомести дел од загубеното. Исто така, во голема мера влијае и неизвесноста околу вирусот која создава услови луѓето да апстинираат од купување и поседување луксузни добра. Втората фаза, која до израз доаѓа во последниов период, се однесува на неможноста да се испорачаат бараните количини на возила.Чистењето на залихи и намаленото производство доведоа до тоа автосалоните да бидат полупразни, а за испорака може да се чека и до 6 месеци. Нарушените синџири на достава и во голема мера зависноста од кинеско производство, доведоа до намалена продукција и повисоки цени и токму затоа се очекува поскапување на одредени модели на почетокот на наредната година.

    НазивПриходи 2020Приходи 2019Раст %
    ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА47,479,52258,624,730-19.01%
    ЕУРОИМПЕКС24,377,72226,291,158-7.28%
    МАК АУТОСТАР23,648,04225,172,344-6.06%
    АВТОНОВА20,214,02331,263,938-35.34%
    АУТОМОБИЛЕ-СК18,026,13316,796,1787.32%
    АУТОМОТИВ ГРУП14,373,71613,908,8873.34%
    ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР12,237,88315,362,651-20.34%
    МИ - ДА ГРАНД МОТОРС9,769,3818,068,11621.09%
    М КАР 9,528,8819,762,583-2.39%
    АУТОМОБИЛИ ГРОУП6,057,07710,194,583-40.59%

    Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

    НазивДобивка 2020Добивка 2019Раст %
    МАК АУТОСТАР1,640,9061,918,982-14.49%
    ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА1,604,9882,371,757-32.33%
    АВТОНОВА1,257,090 1,774,778-29.17%
    М КАР789,013584,16035.07%
    АУТОМОБИЛЕ-СК672,423817,765-17.77%
    ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР620,809918,920-32.44%
    АУТОМОТИВ ГРУП142,686 185,326-23.01%
    АУТОМОБИЛИ ГРОУП16,501223,423-92.61%
    МИ - ДА ГРАНД МОТОРС(68,169)(257,278)/
    ЕУРОИМПЕКС(154,545)277,524-10.92%

    Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

    Анализирајќи ги податоците на платформата за бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк за топ 10 компании од автоиндустријата може да се изведат следните заклучоци:

    • 70% од топ 10 компаниите бележат пад на приходите во 2020, споредбено со 2019 година. Во оваа категорија како најнегативен пример се издвојува АУТОМОБИЛИ ГРОУП со пад на приходи од 40.59%, а исто така оваа компанија е најслабо рангирана според апсолутни бројки. Значителен удар врз приходната страна бележат и АВТОНОВА со пад од 35.34%, како и ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР и ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА со пад од околу 20%.
    • Лидер на пазарот според остварени приходи(продадени автомобили) е ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА кој е далеку пред своите конкуренти две години по ред. Дополнително, разликата помеѓу нив и второпласираниот е речиси двојна, што укажува на фактот дека македонските потрошувачи најмногу им веруваат на моделите од Волксваген, Ауди, Порше, Шкода и Сеат. ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА успеа да ја заврши 2020 година со вкупни приходи од 47,4 милиони ЕУР. Падот на приходи од 19% се одрази и врз вкупнатадобивка, која во 2020 година изнесуваше 1,6 милиони ЕУР, што претставува пад од 32,33% во односна 2019 година.
    • Компанија која успеала да го “победи” пазарот е МИ-ДА ГРАНД МОТОРС. Оваа компанија во 2020 година генерира зголемени приходи во износ од 1,7 милиони ЕУР, што претставува пораст од 21%. Сепак, овие бројки не се пресликале во целост во крајниот резултат со оглед на тоа што компанијата последните 2 години во низа остварува негативен финансиски резултат. Покрај неа, во друштвото на компании со загуба во 2020 година е и компанијата ЕУРОИМПЕКС, која ја затворила фискалната година со негативен резултат од 154 илјади ЕУР.
    • Вкупните приходи на топ 10 компании се помали за 29,7 милиони ЕУР, додека вкупната добивка е намалена за 2,2 милиони ЕУР.
    • Единствена компанија која успеала да изгенерира пораст на добивката е М КАР од неверојатни 35% и покрај малиот пад на приходи од 2.3%. Сепак,ваквите бројки треба да се третираат со големо ниво на претпазливост имајќи ги во предвид апсолутните податоци.

    Од аспект на вкупниот број на вработени мора да го истакнеме фактот дека на ниво на индустрија дури има и мало зголемување на бројот на вработени, што укажува на фактот дека компаниите имаат вложено значителни ресурси во човечкиот капитал и дека токму тоа е движечката сила во бизнисот, па и на цена на добивките сепак се погрижиле скоро никој да не остане без лични примања.

    НазивВработени 2020Вработени 2019Раст %
    ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА106113-6.19%
    ЕУРОИМПЕКС82793.80%
    МАК АУТОСТАР80773.90%
    АУТОМОБИЛЕ-СК53513.92%
    АУТОМОТИВ ГРУП514513.33%
    АВТОНОВА42420.00%
    МИ - ДА ГРАНД МОТОРС3343-23.26%
    ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР31303.33%
    М КАР272412.50%
    АУТОМОБИЛИ ГРОУП14137.69%

    Извор: БизнисМрежа.мк

    Вкупниот број на вработени во топ 10 компаниите во 2020 година изнесува 519, а притоа споредбените податоци за последните 2 години укажуваат на ниска флуктуација со две позначајни осцилации. МИ-ДА ГРАНД МОТОРС го намалила бројот на вработени за 10, што уште повеќе го истакнува позитивниот податок за зголемени приходи, додека АУТОМОБИЛЕ-СК успеале да го прошират својот тим со 6 нови члена, што им носи пораст во оваа категорија од 13.33%.Овој податок е во позитивна корелација со порастот на приходи од 7,32% или 1,2 милиони ЕУР во апсолутна бројка.

    Предизвиците за опстанок ќе бидат уште поголеми доколку продолжи борбата за ставање крај на пандемијата, а изгледите за тоа се доста ниски. Авто индустриајта ќе мора да размисли за алтернативни канали на набавка, централизирање на производството и проактивни методи за продажба.Еден од најголемите предизвици е како ќе се справат со недостигот од микрочипови поради што дел од компаниите во светски рамки практично го преполовија производството на нови автомобили.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично