ГД Гранит АД преку Македонска Берза го објави образложението за периодот Јануари – Септември 2019 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниoт неконсолидиран Биланс на успех.
Сметководствени политики и методи на вреднување
Во 2019 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на ГД Гранит АД.
Вкупни приходи
Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2019 година изнесуваат 3.898.829 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2018 година бележат раст за 47 %.
Вкупни расходи
Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2019 се во износ од 3.724.617 илјади денари, споредено со истиот период во 2018 година бележат зголемување за 46 % .
Дивиденда
На 19.06.2019 година на Годишното собрание на акционери утврдена е бруто дивиденда за 2018 година во износ од 83.106 илјади денари , односно 30 денари бруто за една акција.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2019 година изнесуваат 298.604 илјади денари.