Министерствот за финансии го објави јавниот повик за пријавување на кандидати за полагање на испит за финансиски инспектор што ќе се одржи на 25 октовмври 2019 година. Времето и местото на одржување на испитот кандидатите ќе бидат известени дополнително.
Врз основа на член 13-в од Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/13, 43/14, 153/15 и 164/18), а во согласност со Програмата за начинот на полагање на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор, донесена од министерот за финансии на 01.8.2019 година, Министерството за финансии го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
број 1 од 20.9.2019 година
за пријавување на кандидати за полагање на испит за финансиски инспектор
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК
Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за полагање на испит за финансиски инспектор.
II. ДАТА, ВРЕМЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ИСПИТОТ
II.1 Испитот ќе се одржи на 25.10.2019 година во Скопје.
II.2 За времето и местото на одржување на испитот кандидатите кои ги исполнуваат условите за полагање ќе бидат известени дополнително.
III. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавниот повик имаат кандидати кои се стекнале со најмалку 240 кредити според ЕКТС или имаат завршен VII/1 степен од областа на економските или правните науки, се државјани на Република Северна Македонија и имаат најмалку две години работно искуство во финансиите или внатрешната или надворешната ревизија по дипломирањето.
IV. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
IV.1 Пријавувањето за полагање на испитот се врши со пополнување на Образец – Барање за полагање испит за финансиски инспектор во хартиена форма.
IV.2 Со барањето се доставува:
Кратка биографија (CV);
Уверение за државјанство;
Диплома или уверение за завршено образование (оригинал или фотокопија заверена на нотар) за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економските или правните науки;
Потврда за работен стаж од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и
Потврда за работно искуство во финансиите или внатрешната или надворешната ревизија по дипломирање од работодавачот;
IV.3 Барањата може да се достават во рок од 5 дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик, во писарницата на Министерството за финансии или по пошта на следнава адреса: ул.„Даме Груев“ бр.12, 1000 Скопје.
IV.4 Ненавременото, нецелосното и некомплетно барање нема да биде разгледано.
IV.5 По извршената проверка на барањата, кандидатите кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот ќе бидат известени по телефон и по електронски пат.
V. ИСПИТ
V.1 Испитот се полага во писмена форма според Програма за начинот на полагање на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор.
V.2 Испитот се смета за положен ако кандидатот освоил најмалку 70 бодови од вкупно 100 бодови.
V.3 По спроведениот испит, сите кандидати, врз основа на податоците наведени во барањето, се известуваат телефонски и по електронски пат за постигнатите резултати на испитот.
V.4 Подетални информации за темите и начинот на полагање на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор се наоѓаат во Програмата за начинот на полагање на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор наведена во линкот подолу.
Линк:
Програма за начинот на полагање на испитот за добивање лиценца за финансиски инспектор, Образецот – Барање за полагање испит за финансиски инспектор и Прирачникот за полагање на испитот за финансиски инспектори се објавени на следниот линк* https://finance.gov.mk/mk/node/679
*Во прирачникот се наведени дел од прашањата кои ќе бидат вклучени во испитниот тест.
Лица за контакт: Сања Доревска, 02 3255 569, [email protected]