Зголемување за половина денар кај бензините, дизелот останува со иста цена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија штотуку ја донесе новата Одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт.
Новите цени на нафтените деривати и горива за транспорт што ќе се применуваат од полноќ 00:01 на 3 септември 2019, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 51,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 31,811 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.08.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа утврдени со Одлуката од 26.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,763 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,811 ден/кг.