
Со издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од претходно издадена еврообврзница, Македонија остварила буџетска заштеда од 3,2 милиони евра, соопшти Министерството за финансии. За оваа трансакција земјата ја доби наградата „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, која министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја прими во Истанбул.
Според министерката, со трансакцијата биле обезбедени поволни каматни стапки и порамномерно биле распоредени роковите за отплата на долгот. Со тоа се намалил и ризикот државата да мора да обезбеди ново финансирање за поголем износ на долг во ист период.
Десеттата еврообврзница беше издадена во јануари 2026 година. Според Министерството, во процесот учествувале повеќе од 150 меѓународни инвеститори, меѓу кои пензиски фондови, осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија.
Признанието беше доделено на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“. При доделувањето на наградите се оценуваат структурата и големината на трансакциите, роковите, условите за финансирање и начинот на кој се реализирани на меѓународните пазари на капитал.
Аналитика








