ПОВЕЌЕ

    Тутунарите добија 2 милијарди денари субвенции за реколтата од 2025 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    На 15.144 тутунопроизводители денес им се исплатени 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, информираат од Министерството за финансии.

    „Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност“, наведено е во соопштението.

    Исто така, се додава дека со редовната и навремена исплата на субвенциите се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

    „Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор“, пишува во соопштението.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично