ПОВЕЌЕ

    Европската комисија предвидува план од 100 милијарди евра за новиот фонд „European Future Fund“

    Време зa читање: 2 минути

    Овој „European Future Fund“ би инвестирал во стратешки сектори каде блокот на ЕУ заостанува зад нејзините светски ривали, истакнува Financial Times.

    Брисел ги разгледува плановите за формирање фонд вреден 100 милијарди евра за финансирање на европските лидери во индустријата. Целта на создавањето на овој фонд е европските компании да се натпреваруваат со нивните најголеми ривали како што се американските компании попознати под името „Gafa“ или Google, Apple, Facebook и Amazon, или кинеската Alibaba, и многу други. За овие гиганти е познато дека ги имаат откупено своите потенцијални ривали и во моментов управуваат со глобалниот пазар.

    Планот е еден од неколкуте иницијативи што официјалните претставници на ЕУ и ги претставија на Ursula von der Leyen, претстојниот претседател на Европската комисија. Таа се очекува да го спроведе овој план за време на нејзиниот петгодишен мандат. Ursula von der Leyen ја презема функцијата на 1 ноември и ветува дека „ќе инвестира во иновација и истражување, редизајнирајќи ја Европската економија и индустрија“.

    Со Фондот, Брисел би развил поагресивни алатки и политики за заштита на европските бизниси од нелојална конкуренција како на пример од кинеските ривали коишто се поддржани од државата. Европа нема такви компании и тоа претставува ризик за економскиот раст и работните места во Еворпа.

    Европските експерти се надеваат дека со креирањето на тој централизиран фонд со значително финансиско влијание ќе се поттикне приватниот сектор да реализира повеќе здружени проекти. 100-те милијарди евра ќе се потпираат на јавните пари од европските влади.

    Овој фонд засега постои како идеја и сé уште не е дел од формалните политики и програми на Европската комисија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично