ПОВЕЌЕ

    ЗА МЛАКИ ИЛИ ЛАДНИ РАДИЈАТОРИ треба да добиете помали сметки за парно

    Време зa читање: 2 минути

    Oколу 60.000 скопјани се греат на парно греење. Во месец каде сметките за парно ќе бидат повисоки за 14 проценти, граѓаните се соочија со неквалитетна испорака на топлинска енергија..

    Доколку сте имале послаба т.е неквалитетна испорака на топлинска енергија, а притоа за тоа поседувате и решение, по извршена контрола од страна на снабдувачот, треба да добиете пониски сметки, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    – Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се коригира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

    Тој посочува дека ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија со решение, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка.

    – Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија. Дополнително бараме да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе ја мерат температурата дали отстапува од пропишаната. Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал, потенцира Бислимоски.

    Во јануари ЕСМ влезе во БЕГ со што го презеде снабудувањето со топлинска енергија. Овој договорот е валиден до понеделни по што се очекува да се направи нов договор и за февруари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично