ПОВЕЌЕ

    ОХРИД ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА АЛТЕРНАТИВНИОТ ТУРИЗАМ – нов потенцијал за економски развој

    Време зa читање: 2 минути

    Алтернативните форми на туризам се нов потенцијал за економски развој. Развивањето на нови пазари, со нови алтернативни форми како што е руралниот и екотуризмот ќе отвори простор за создавање на нови работни зелени места, но и отворање на услужни микро и мали семејни бизниси кои ќе овозможат намалување на миграцијата село-град.

    Туристичките работници велат дека избегнувањето на масовниот туризам и преориентацијата кон алтернативни форми на туризам може да придонесе кон подобрување на квалитетот на услугите и продолжување на туристичката сезона. Поради тоа и општина Охрид има за цел да се насочи кон нов пристап на туризмот, кој ќе ги земе предвид современите предизвици и ќе ги искористи можностите за одржлив развој.

    -Новата стратегија за туризам во Охрид треба да се фокусира на креирање уникатни искуства, кои ќе ги промовираат локалните вредности и ќе ги заштитат природните и културните ресурси – истакна охридски градоначалник Кирил Пецаков.

    Тој споменува дека во наредниот период ќе се фокусираат на дебата каде што би презеле конкретни чекори заедно со секторот за туризам и локален развој.

    Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар и попривлени за странските туристи.

    Светските трендови покажуваат дека се помал е бројот на оние посетители кои бираат класичен одмор со плажи, наспроти оние кои сакаат времето одвоено за одмор да го минат исполнето со што поголем број содржини, со реализација на најзразлични активности.

    -Охрид е дестинација за 12 месеци која треба да биде исполнета со голем број на манифестации, конгреси, спортски турнири, културно и историско наследство, стари занаети, алтернативни форми на туризам, дигитализација во секторот, силна и насочена промоција кои вон летната сезона, можат да генерираат повеќе ноќевања и создадат зголемена просечна исполнетост на хотелите со очекуван мулипликативен ефект во локалниот економски развој – вели Љупчо Јаневски, универзитетски професор и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично