ПОВЕЌЕ

    Најчитано на ПАРИ во 2022 – април

    Време зa читање: 6 минути

    Почитуван читателу,

    Порталот Пари (pari.com.mk) е присутен релативно кратко во медиумскиот простор, сепак брзо успеа да го добие вашето внимание пред се поради квалитетот и ексклузивните содржини што се објавуваат. Затоа, Ви благодариме за поддршката изминатата година и интересот да прочитате нешто поразлично од она што секојдневно се пласира. Нашата цел беше и ќе остане да бидеме објективен финансиски портал кој исклучиво ќе се потпира на реални бројки, анализи, споредби за да се добие вистинската слика за домашната економија, но и за да му се помогне на бизнисот.

    На нашите анализи работат новинари со повеќедецениско искуство во новинарството со импресивно искуство позади себе, а често наши гости преку свои колумни и интервјуа се најдобрите финансиски експерти во земјава.

    Бројките се нашето најсилно оружје, а текот на парите најдобра трага. Кој ги врти парите во Македонија? Драг читателу, ако редовно ги читаше нашите анализи лани, се надеваме дека многу нешта во економијата се разјаснија. Во продолжение ќе ги публикуваме уште еднаш нашите анализи и текстови кои побудија најголем интерес кај вас во годината што измина.

    Се најдобро,

    Редакција Пари

    ,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Граѓаните оставиле дури 21 милион евра во само четири лаборатории лани!

    И покрај платеното здравствено осигурување, најголем дел од граѓаните кои се соочија со вирусот Ковид-19, мораа да одат во приватни лаборатории. А, таму ги дочекаа изгор цени. За ПЦР тест се плаќаше околу 2.500 денари, за крвна слика со дидимери и со CRP – 1.500 денари, за антитела – 1.200 денари. Во екот на пандемијата, термини во државните лаборатории немаше и граѓаните беа принудени да плаќаат приватно.

    Препораката на лекарите беше почесто контролирање на дидимери, а тоа значеше дека болните од Ковид-19 неколку пати мораа да посетат приватна лабораторија. Сепак, приватните лаборатории ја пополнија „дупката“ во државниот здравствен систем, обезбедувајќи ги здравствените услуги, поврзани не само со вирусот, туку и со другите здравствени проблеми.

    Според податоците од платформата БизнисМрежа.мк, минатата година во приватните лаборатории граѓаните оставиле најмалку 21 милион евра. Толкав бил вкупниот приход во АвиценаБиотекНикоб Лаб и Синлаб, додека нивната вкупна нето-добивка е околу 7,8 милиони евра, што покажува висока профитабилност на лабораториите.

    ,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Граѓаните оставиле дури 21 милион евра во само четири лаборатории лани!

    ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЏОЗЕФ ВАРАДИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ВИЗ ЕР: Македонија се докажа како многу силен пазар за Виз Eр, летово очекуваме раст од 15%

    „Македонија се докажа како многу силен пазар за Виз Eр. Ние сме најголемата авиокомпанија во земјава, пазарното учество на Виз Eр овде е 55%. Македонија ја гледаме како стратешки пазар и ќе продолжиме со инвестиции во иднина. Добрата вест е дека до летото ние целосно ќе закрепнеме во Скопје всушност ќе оперираме со околу 15 проценти поголем капацитет споредено со 2019. Планираме да отвориме нови рути и да ја прошириме нашата мрежа. Денес оперираме на 31 дестинација од Скопје”, вели Џозеф Варади, ко-основач и главен извршен директор на Виз Eр во ексклузивно интервју за порталот „Пари” направено при неговата посета на земјава пред празниците.

    ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЏОЗЕФ ВАРАДИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ВИЗ ЕР: Македонија се докажа како многу силен пазар за Виз Eр, летово очекуваме раст од 15%

    КОРОНА ПРОФИТЕРСТВО: Во „Систина” и „Жан Митрев” народот платил 110 милиони евра лани, 41 милион повеќе од 2020-та!

    „ПАРИ” АНАЛИЗА: Во „Аџибадем Систина“ минатата година граѓаните оставиле запрепастувачки 77,5 милиони евра, а во „Жан Митрев клиник“ 32,5 милиони евра, или само во овие две приватни здравствени установи, за извршените здравствени услуги, народот платил 110 милиони евра! Во 2020 година, пак, во овие две болници се слеале 69,1 милион евра или 40,9 милиони евра помалку од лани. Ова го покажуваат податоците за приходите на здравствени установи кои порталот „Пари“  ги обезбеди во соработка со БизнисМрежа.мк.

    И покрај тоа што трупаа бомбастични приходи, двете болници останаа имуни на молбите на граѓаните да сочувствуваат во корона кризата и да ги намалат цените.

    Во Македонија, според регулативата секој има здравствено осигурување, но корона-пандемијата го клекна здравствениот систем на колена, а приватните здравствени установи, каде што многумина побараа спас, тоа добро го наплатија. Додека на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат апели за собирање пари за помош на болните, на површина исплива и болната вистина, дека за една недела лекување авансно се бараат по 12.000 евра. На крај, сметките што стигнуваа до граѓаните беа страшни, 20-30 илјади евра преживеал или не пациентот. За жал, некои останаа и без пари (често и позајмени) и без своите најблиски.

    КОРОНА ПРОФИТЕРСТВО: Во „Систина” и „Жан Митрев” народот платил 110 милиони евра лани, 41 милион повеќе од 2020-та!

    ,,Се наоѓаме во крајно турбулентен и непредвидлив период, како за економиите во целина, така и за котираните компании од различни стопански дејности и за берзите на коишто се тргуваат нивните акции. Она што е очигледно е дека цените на берзите стануваат максимално осцилаторни, дека пазарниот сентимент е нестабилен и подложен на лесни и брзи промени на дневно ниво и дека целото опкружување е крајно фрагилно”, вели Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев во интервју за порталот ,,Пари” осврнувајќи се на ситуацијата на берзите по воениот конфликт во Украина, инфлацијата, каматните стапки, корона вирусот.

    ИНТЕРВЈУ| ШТЕРИЕВ: Ценовната осцилаторност на берзите е секогаш можност и за заработка

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА: ФИРМИТЕ СЕГА ИМ ДОЛЖАТ НА БАНКИТЕ 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, како било пред 10 години

    Околу 300 милиони евра е зголемен долгот што го има  нефинансискиот сектор (главно фирми) кон банките во текот на минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. Имено, долгот на 31.12.2021 година бил околу 3 милијарди евра, а на крајот од 2020 година кредитите на нефинасиските друштва биле околу 2,7 миијарди евра. Далечната 2012 година завршила со пласирани кредити во нефинансиски друштва во износ од 2,1 милијарди евра.

    Банките се главниот извор на финасирање на проекти на компаниите, но она што сега фирмите го забележуваат е дека во услови на криза, тие се извор и за обезбедување на тековна ликвидност, што и не е развојна компонента за нивниот бизнис и што не создава нова вредност од која ќе се отплаќаат кредитите. Оттука и главната забелешка на стопанството насочена кон последниот сет на државни мерки во кој поддршката на стопанството, гавно треба да се одвива токму во зоната на кредитирањето.

    Поталот „Пари“ го анализраше кредитирањето. Податоците од Народната банка покажуваат дека лани износот на бруто кредити дадени од страна на банките бил 6,2 милијарди евра од кои 3 милијарди евра се кредити на нефинансиски субјекти, а 3,2 милијарди евра се кредити дадени во домаќинствата. Најголем износ на кредити дала Стопанска банка, иако според активата, најголема е Комерцијална банка која пак, е трет кредитор на листата за 2021 година. Второ место по обемот на кредити и припаѓа на НЛБ банка, која е трета по големина банка, според активата.

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА: ФИРМИТЕ СЕГА ИМ ДОЛЖАТ НА БАНКИТЕ 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, како било пред 10 години

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично