ПОВЕЌЕ

    Кризата за момент го заврти списокот на најскапи градови: Каде се цените повисоки сега, а каде пониски?

    Време зa читање: 2 минути

    Со децении, само оние кои можат да си го дозволат тоа, во однос на финансиите, живеат во градови каде што е скапо да се пие дури и кафе во локално кафуле, да се живее, да се плаќаат сметки, да се купува храна.

    Како и да е,  корона вирусот и во таквите градови направи сериозни „потреси“. Во исто време, списокот е променет, па така сега трите најскапи градови во светот се – Хонг Конг, Цирих и Париз, според сегашната анализа што ги испитува трошоците за живот.

    Осака и Сингапур малку се „лизнаа“, иако скоро го делеа првото место со Хонг Конг. Сега се на 4. и 5. место. Исто така, на петтата позиција е Тел Авив, следен Женева, Њујорк, Копенхаген и Лос Анџелес.

    Годишното истражување на „The Economist Intelligence Unit“ вели дека Сингапур сега има пониски цени, како резултат на емиграција на работна сила, поради пандемијата Ковид-19. Од друга страна, многу кинески градови поскапеа поради американско-кинеските тензии. На списокот на најскапи градови во светот порано доминираа азиските метрополи.

    Сепак, сега, само еден азиски град е на врвот, додека два се европски. Традиционално скапиот град Њујорк беше уништен во моментот кога започна кризата, па луѓето масовно избегаа од центарот и особено го напуштија Менхетен. Сега, цените на кириите, на пример, се во драстичен пад во споредба со минатата година.

    Бангкок падна за дури 20 место на списокот и сега е на 46. место. Анализата, исто така, покажа дека американските и африканските градови, како и оние од источна Европа, станаа многу поевтини од 2019 година, додека западно-европските метрополи се во водство по високи цени.

    Сиднеј е на 15. место, Лондон на 20., а Москва ја зазема 106. позиција.

    Сè се случува во време кога доларот ослабува, особено во однос на еврото, иако некои други европски валути зајакнаа во претходниот период. Најголемите промени во однос на зголемувањето на цените се чувствуваат во Техеран, кој се искачи за 27 места нагоре, поради санкциите на САД, односно погодениот ланец на снабдување.

    Индексот „EIU Worldwide Cost of Living“ ги спореди цените на 138 стоки и услуги во околу 130 големи градови. Цените генерално останаа слични на оние пред кризата, иако беа забележани позначителни промени кај несуштинските производи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично