ПОВЕЌЕ

    КБ Публикум инвест: Блискиот Исток ги собори индексите на светските берзи

    Време зa читање: 5 минути

    • САД

    Новите геополитички случувања, изјавите на членови од ФЕД и растот на долгорочните каматни стапки на 16-годишен максимум влијаеше на сентиментот и предизвика големо неделно намалување на индексот S&P500. Кај индексот Nasdaq Composite намалувањето беше уште поизразено и тој се приближи до мечкин пазар на крајот од неделата, завршувајќи ја за 19,91% пониско од највисоката вредност во 2022 година. На почетокот од неделата индексите имаа раст, но во тек на неделата се намалија како резултат на зголемените тензии на Блискиот Исток. Позначително намалување на акциите имаше во четвртокот, кога воен брод на САД пресретна крстаречки ракети кои се движеле кон Израел. Исто така, изјавите за напад со дронови на база во Ирак влијаеше врз сентиментот на инвеститорите. Министерството за трговија на САД објави месечен раст на малопродажбата од 0,7% за октомври годинава, а растот беше кај малопродажба преку интернет и ХОРЕКА сегментот. Во меѓувреме, барањата за надомест за невработените се намали под 200 илјади за првпат од јануари 2023 година.

    • Европа 

    Во Европа берзанските индекси се намалија во текот на неделата. Индексот STOXX Europe 600 се намали за 3,44%, како резултат на изгледите за растот на каматните стапки и стравот од ескалирање на војната на Блискиот Исток. Германскиот DAX се намали за 2,56%, францускиот CAC 40 се намали за 2,67%, а италијанскиот FTSE MIB ја заврши неделата за 3,12% пониско. На пазарите на должнички хартии од вредност, приносот на европските државни обврзници се зголеми како резултат на очекувањата на инвеститорите дека инфлацијата ќе остане висока подолго време. Германската 10-годишна државна обврзница имаше принос од близу 3% кон крајот на неделата. Сентиментот кај германските инвеститори се подобри како резултат на очекувањата дека инфлацијата ќе се смири и каматните стапки ќе се стабилизираат. Инфлацијата во Велика Британија во септември остана неочекувано висока со 6,7% на годишно ниво, главно поради растот на цените на нафтата и гасот. Во последните три месеци, податоците покажаа раст на платите од 7,8% годишно, без вклучени бонуси, додека цените на услугите се зголемија за 6,9%.

    • Азија

    Индексите во Јапонија се намалија во текот на неделата. Индексот Nikkei 225 се намали за 3,3%, а индексот TOPIX ја заврши неделата за 2,3% пониско. Јенот се тргуваше на горната граница од 149 јени за УСД, флуктуирајќи близу 150 јени за УСД. Последните изјави од ФЕД упатуваат дека каматните стапки може да останат подолго време високи, што предизвика раст на приности на обврзниците. Приносот на јапонската 10-годишна државна обврзница се зголеми на 0,83% што е највисоко ниво во последните 10 години, од 0,76% на крајот на минатата недела. Банката на Јапонија ги остави каматните стапки да се движат до 1% слободно, притоа со повремено вршење интервенции на пазарот за да го успори покачувањето на каматните стапки.

    Индексите во Кина се намалија како резултат на продлабочувањето на кризата во секторот недвижности. Индексот Shanghai Composite се намали за 3,4%, а индексот CSI 300 ја заврши неделата за 4,17% пониско. Кризата во секторот недвижности се продлабочи откако кинеската компанија Country Garden изјави дека не може да го сервисира својот долг. Од друга страна, растот на кинеската економија беше над очекувањата со 4,9% на годишно ниво заклучно со третиот квартал, а растот на малопродажбата исто така беше над очекувањата со годишен раст од 5,5% во септември.

    Можности за инвестирање во наредниот период

    Годинава глобалниот економски раст успори, а макроекономскиот амбиент се влоши. Делумно тоа беше предизвикано од растот на цените на потрошните добра што ја намали куповна моќ на потрошувачите и предизвика пад на реалната потрошувачка. Централните банки ја продолжија борбата со инфлацијата и се уште водат рестриктивна монетарна политика.

    Во ваков амбиент, цените на берзанските стоки почнаа да се намалуваат, но се уште постои нагорен притисок врз цените со оглед на силниот пазар на труд и растот на цените на енергенсите. Во очекување на намалување на каматните стапки и избегнување на рецесијата, инвеститорите преферираа инвестирање во акции, обврзници, но и во циклични компании, особено во оние кои работат на проекти поврзани со вештачката интелигенција, електрични возила, виртуелна реалност и слично.

    Во овие услови фондовите на КБ Публикум инвест АД Скопје нудат можност инвеститорите да остварат соодветен принос во новонастанатите трендови и промени.

    Имено, КБ Публикум – Балансиран и КБ Публикум – Обврзници се оптимални за поконзервативни инвеститори кои сакаат да остварат повисок принос од кеш фондовите и депозитите. За оние инвеститори кои очекуваат дека ќе има намалување на каматните стапки за поттикнување на економскиот раст, што поволно влијае врз растот на златото, фондот КБ Публикум – Златен е одлична можност, заеднo со фондот КБ Публикум – Обврзници како поконзервативна опција.

    Од друга страна, фондот КБ Публикум – Акции и КБ Публикум – МБИ10 нудат одлична можност за инвеститорите кои очекуваат дека ќе се избегне рецесија и ќе се стабилизираат монетарните политики на глобално ниво. За инвеститорите кои сакаат да заштедат на пократок период, максимум до 1 година, а воедно да остварат атрактивен принос, најповолен е фондот КБ Публикум – Паричен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично