Порталот „Пари“ ги анализираше 100-те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во државата, а посебен осврт направи на 10-те најголеми.
100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк.
Кај истите овие работодавачи, мината година биле вработени 76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.
КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?
Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку. Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.
ЦЕЛАТА АНАЛИЗА Е ДОСТАПНА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: http://pari.com.mk/100-najgolemi-rabotodavaci-78329-vraboteni-im-pravat-450-milioni-evra-profit/
ВО ЕВРОПА НА НАГОЛЕМО ПОСКАПУВА ЛЕБОТ. Највисока просечна стапка на пораст на цената на лебот во август е забележана во Унгарија (+66 отсто), потоа Литванија (+33 отсто), Естонија и Словачка (и двете +32 отсто).
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
- ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТЕСЛА СЕ ПОНЕЗАДОВОЛНИ ОД СТРОГАТА ПОЛИТИКА НА ИЛОН МАСК ЗА ВРАЌАЊЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА
- ВРЕМЕ Е ЗА ДЕМАСКИРАЊЕ НА „АНТИКОЦКАЊЕ“ ОД ТЕТОВО!
- РУСКАТА ЕКОНОМИЈА НЕМА ДА СЕ ВРАТИ НА ПРЕДВОЕНИТЕ НИВОА ДО 2030 ГОДИНА
- ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАН ВИОЛЕТОВ ДОМАТ ВО ПОХОД НА СВЕТСКИТЕ ТРПЕЗИ
- НАУКАТА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: ОВОЈ АВГУСТ ВО ЕВРОПА БЕШЕ НАЈТОПОЛ ДОСЕГА
- ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 5ТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА – ПРВПАТ ВО РЕГИОНАЛНО ИЗДАНИЕ
- ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО СЕ ДОКАПИТАЛИЗИРА СО НАД 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА