ПОВЕЌЕ

    Зошто тинејџерите кои се активни на Тик Ток може да бидат следниот тренд во финтек индустријата?

    Време зa читање: 2 минути

    Дигиталното банкарство, станува сè поинтересна област за нови “необанки” и инвеститори на ризичен капитал. Сепак, монетирањето на овие дигитални потрошувачи може да се покаже како предизвикувачко, пишува Селин Бучак.

    Дигиталните банки го свртеа вниманието кон следната генерација.

    „Тоа е интересна можност за инвестирање, но исто така и незгодна“, рече Марсел Ван Оуст, инвеститор во раните фази на развој, во финтек компаниите. 

    „Најдобриот бренд на крајот ќе победи во оваа ера на дигитално банкарство. Добри примери за тоа се „Револут“ или „Старлинг“. Овие беа првите компании што отворија банка што беше целосно дигитална.“

    Во 2012 година GoHenry и Osper во Велика Британија беа поставени да го прават токму ова. Но, во последните неколку години, тоа стана сè попопуларно, бидејќи претприемачите од финтек започнаа да бараат области што можат да ги “нарушат”. 

    Според истражувачката група, ВајтСајт, имало скоро 60 необанки кои биле фокусирани на потребите на децата и тинејџерите низ целиот свет во 2020 година. Ова ги вклучува постојните дигитални банки кои ги прошируваат своите услуги, како данската необанка Лунар, која минатата година започна сметки за тинејџери од 15 до 17 години, како и оние кои се насочени само кон тинејџери како “Пикспај” и “Кард” во Франција. 

    Бројките ќе продолжат да растат. На пример, во Германија, овој месец започнува со работа нова дигитална банка за млади од 15 до 24 години, наречена Покид.

    Згора на тоа, традиционалните банки, исто така, сфатија дека пропуштиле можност занемарувајќи ги тинејџерите со децении, според Каролин Менагер, ко-основач и СМО на Pixpay, која вели дека некои банки започнале да градат понуди за овој сегмент за да се осигурат дека тие нема да ги изгубат децата како свои “клиенти.”

    Pixpay започна во 2019 година и во рок од три месеци собра 8 милиони евра од инвеститори.

    „Откривме дека тинејџерите се целосно напуштени од традиционалните банки. Од друга страна, можевме да видиме дека децата се подготвени да купуваат преку Интернет, имаат дигитални навики, но не можат да ги исполнат“.

    Дури и дигиталните банки кои беа насочени кон милениумците кои заработуваат плата, се бореа со профитабилноста. Нудењето услуги само на тинејџери кои немаат големи приходи, е нешто сосема ново.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично