ПОВЕЌЕ

    Најчитано на ПАРИ во 2022 – февруари

    Време зa читање: 4 минути

    Почитуван читателу,

    Порталот Пари (pari.com.mk) е присутен релативно кратко во медиумскиот простор, сепак брзо успеа да го добие вашето внимание пред се поради квалитетот и ексклузивните содржини што се објавуваат. Затоа, Ви благодариме за поддршката изминатата година и интересот да прочитате нешто поразлично од она што секојдневно се пласира. Нашата цел беше и ќе остане да бидеме објективен финансиски портал кој исклучиво ќе се потпира на реални бројки, анализи, споредби за да се добие вистинската слика за домашната економија, но и за да му се помогне на бизнисот.

    На нашите анализи работат новинари со повеќедецениско искуство во новинарството со импресивно искуство позади себе, а често наши гости преку свои колумни и интервјуа се најдобрите финансиски експерти во земјава.

    Бројките се нашето најсилно оружје, а текот на парите најдобра трага. Кој ги врти парите во Македонија? Драг читателу, ако редовно ги читаше нашите анализи лани, се надеваме дека многу нешта во економијата се разјаснија. Во продолжение ќе ги публикуваме уште еднаш нашите анализи и текстови кои побудија најголем интерес кај вас во годината што измина.

    Се најдобро,

    Редакција Пари

     

    ,,ПАРИ” ОТКРИВА: Поразителен раст на бројот на затворени фирми лани-близу 7.000

    Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк.

    Од друга страна, самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година е завршена со пад на бруто општествениот производ за 4,5%, додека за 2021 година, Државниот завод за статистика се уште нема објавено податоци, но според ноемвриските проценки на Народната банка, годинава сме ја завршиле со раст на БДП од 3,9%. Инаку, според буџетските проекции на Министерството за финансии за минатата година се очекуваше економски раст од 4,1%. Сепак, и со сегашната динамика, остануваат уверувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека годинава се очекува достигнување на претпандемиското ниво на економијата.

    ,,ПАРИ” ОТКРИВА: Поразителен раст на бројот на затворени фирми лани-близу 7.000

    Ќе се изненадите каде има најмали плати во државава и каде ќе помогне растот на „минималецот“

    Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата веќе поминаа на Влада и сега одат во Собранието каде што треба да се изгласаат. Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата, не може да биде помал од 18.000 денари. Зголемувањето од сегашните 15.200 на 18.000 денари, всушност се доплнителни 2.800 денари за 80.000 работници.

    „Пари“ аналзираше во кои сектори има најниски плати и каде работнците ќе видат подобрување на животниот стандард со изгласувањето на законските измени кои ќе донесат минимална плата од 18.000 денари.

    Ќе се изненадите каде има најмали плати во државава и каде ќе помогне растот на „минималецот“

     

    ИНФОГРАФИК | УТРЕ СЕ ОДМРЗНУВААТ ЦЕНИТЕ: Што можевме да купиме порано, а што сега за една просечна плата?

    Од утре се одмрзнуваат цените на основните прехранбени производи, а се ограничува трговската маржа за леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.  Според одлуката на Владата на трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, за овие стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.

    И покрај ограничената маржа, едно е јасно – цените ќе растат. Порастот на цените веќе го најавија и производителите кои велат дека се поскапени и суровините и енергентите, а растот на цените може да биде предизвикан и од недостиг на производи и од прекин во синџирите за снабдување поради руско-украинскиот конфликт.

    ИНФОГРАФИК | УТРЕ СЕ ОДМРЗНУВААТ ЦЕНИТЕ: Што можевме да купиме порано, а што сега за една просечна плата?

    БЕРЗА 2021: Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка најатрактивни, НЛБ се искачи на третата позиција

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот јануари – декември 2021 година вкупниот промет изнесувал 12.853.500.604 денари и е зголемен за 56,84 отсто во однос на јануари – декември 2020, кога тој изнесувал 8.195.475.839 денари.

    Класичното тргување изнесувало 6.736.800.362 денари и е зголемено во однос на јануари – декември 2020 за 12,52 отсто кога изнесувало 5.987.273.498 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 5.395.274.034 денари и обврзници во вредност од 1.341.526.328 денари.

    БЕРЗА 2021: Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка најатрактивни, НЛБ се искачи на третата позиција

     

    По „ЦРН ЧЕТВРТОК“ „ЗЕЛЕН ПЕТОК“ на Македонска берза

    Се врати оптимизмот на Македонска берза. По „ЦРН ЧЕТВРТОК“, каде берзанскиот индекс МБИ 10 на крајот на тргувањето забележа голем пад од дури минус 8,65 отсто во однос на претходниот ден, спуштајќи се на вредноста од 5.627,16 поени, што е најниско ниво уште од 21 септември минатата година.

    По „ЦРН ЧЕТВРТОК“ „ЗЕЛЕН ПЕТОК“ на Македонска берза

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично