ПОВЕЌЕ

    Менување навики во 4 чекори

    Време зa читање: 5 минути

    Пред да го напишам овој неделен совет, направив едно мало истражување (тест) вклучувајќи се себеси и неколку мои блиски луѓе. Се покажа дека, кај 100% од испитаниците крајниот резултат е ист. Ако сакате, истиот тој тест може да го направите и вие.

    За што станува збор! Ги прашав сите мои блиски само едно прашање. Истото го поставувам и до вас. Дали првиот ден (или можеби и следниот), кога официјално заврши полицискиот час во Македонија, и забраната за движење после 19ч, за момент не ви беше малку стресно (се „штрекнавте”) и побрзавте да се вратите дома таа вечер до 19ч!? А потоа, ви текна дека нема веќе забрана и се опуштивте!

    100 % од испитаниците (вклучувајќи ме и мене) го имавме истото чувство. Јас бев на работа, и кога видов дека е 18:30ч, почнав брзо да се пакувам со цел до 19ч да стигнам дома. И потоа, нормално, ми текна дека нема потреба да брзам.

    Размислете и вие што ви се случуваше тој ден или тие денови и видете дали и кај вас се случи истиот ефект.

    Во суштина, што ни кажува ова!? Штом нашето тело инстинктивно реагира на некоја промена, тоа значи дека навиката е веќе сменете или стекната е нова навика. Така нашиот ум и тело се навикнале на новата состојба.

    Со овој текст, да не ме сфатите погрешно, јас не сакам да коментирам околу ситуацијата во која сè уште се наоѓаме и мерките што се преземаат, и дали тоа се прави добро или лошо, така презентирам некои конспиративни теории. Секако дека ги поздравувам сите иницијативи што се прават со цел да се заштити генералната популација. Но, со овој текст, јас само сакам да ја искористам оваа ситуација и компаративно да посочам на една поврзаност околу техниките што може да се употребат со цел да промениме некоја навика што не ни се допаѓа кај нас. Бидејќи гледаме, системот веќе даде резултат во пракса.
    Претпоставувам и дека голем дел од вас се трудат да променат некои свои лоши навики, и постојано бараат начини како полесно да го направат тоа. Затоа, се надевам дека овие чекори малку ќе ви помогнат околу тоа:

    • Чекор 1: Анализа – овде станува збор за самоанализа и самосвесност. За да промениме некоја наша лоша навика, ние прво мора да сфатиме дека тоа е лоша навика. Бидејќи, има ситуации каде што ние луѓето, иако самите, а и другите, гледаат дека некоја наша навика е лоша и влијае негативно на нас, ние не сакаме или немаме капацитет да го сфатиме тоа. Во ситуацијата со короната, овој чекор некако беше прескокнат. Природно ни се наметна. Или, ако сакаме позитивно да гледаме на целава ситуација, можеби ова ни беше некој повик, знак, повеќе да се фокусираме на себе и да посветиме повеќе време на себеси и нашите најблиски.

    • Чекор 2: Мотив – мора да имаме или да најдеме некако поголем мотив за да се направи некоја промена или да се смени навика. Во сегашнава ситуација тој мотив се нарекува страв. Но, и стравот може да го употребите како добра алатка за менување на некоја навика. Ако сакате да се откажете од пушење, поголемиот мотив од задоволството (или другите работи) треба да ви биде здравјето. Имате страв дека ќе си го изгубите здравјето и затоа сакате да ја промените таа навика.

    • Чекор 3: Дисциплина – како и за секоја нова вештина, техника, умешност, така и за менување на некоја навика, потребно е дисциплина, посветеност и упорност. Ставете си за цел секој ден, во толку часот ќе правам ова и ова. И, пробајте да се држите до тоа. Малку по малку навикнете го мозокот да одолева на искушенијата. Е сега, во нашата тековна ситуација, дисциплината беше убаво ставена со рамки (од 05:00 до 19:00ч.). И со тоа, ние не мораше да се бориме со самите себе и да се лишиме од лошите искушенија.

    • Чекор 4: Време – нормално, за да се постигне успех во промената и менување на некоја навика, мора да постои некој континуитет. Е сега, некаде пишува дека 21 ден, некаде, 2 месеца, некаде 90 дена е потребно да работиме спротивно на нашата лоша навика или, подобро кажано, да работиме на развој на добрите навики, со цел да ја промениме. Но, во секој случај, потребно е време. Во нашиов случај, мерките траеја 2 месеца.

    Во оваа цела негативна состојба, едно вакво позитивно гледиште, како би можеле нешто корисно да извлечеме, може да биде и добро за нас. „Корона поздрав – чао” и ви посакувам успех во промените. До следното читање.

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично