ПОВЕЌЕ

    Компаниите бараат, РКЕ одлучува: Можно е сметките за струја да се повисоки за 13 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на струјата од јули може да биде повисока за 12,75, односно 13 проценти, под услов Регулаторната комисија за енергетика да ги прифати во целост барањата на енергетските компании и ако истовремено ЕСМ остане на ланската понуда. Сепак, тука е и враќањето на старата стапка на ДДВ, односно од сегашните 10 на 18 проценти, па можно е и зголемување од 20-на насто.
    Во РКЕ пристигнало и барањето од МЕПСО за зголемување на цената на електричната енергија, откако претходно тоа го направија и Електродистрибуција и МЕМО. Сите компании пријавиле зголемени трошоци.
    Електродистрибуција бара зголемување од 32,17 насто, на МЕМО му се потребни 83,3, а на МЕПСО 53,51 процент, информираше Марко Бислимовски. За барањето на МЕМО појасни дека навидум излегува голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5 проценти.
    Барањата на овие компании влијаат врз крајната цена на струјата. Сега се на потег регулаторите, кои ќе направат анализи колку од пријавените трошоци се реални и прифатливи.
    „Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав, не сум приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега“, посочува претседателот на РКЕ.
    Освен тоа, ЕСМ наскоро треба да се изјасни по која цена на ЕВН Хоум ќе ја продава произведената струја. Потоа, одлуката ќе се донесе на затворена владина седница. ЕВН и МЕПСО, пак, треба да објават тендери за загубите на струја во мрежата. На крај, од сето тоа ќе зависи цената што ќе ја плаќаат граѓаните.
    На МЕПСО му успеало да наплати околу 2,5 милиони евра, од вкупно 14 милиони евра, кои му ги должат трговците со струја. Сепак, нагласува првиот регулатор, овие трошоци нема да влијаат врз крајната цена.
    „Побарувањата кои ги има од страна на одредени трговци РКЕ никогаш нема да ги прифати како трошок, и никогаш нема да се на товар на потрошувачите. Тие приходи кои требало да ги оствари МЕПСО, во нашите калкулации ги земаме како приходи. Дали може да ги наплати или не, тоа ќе си среди компанијата, но и да не го наплати, ние нема да го префрлиме на потрошувачите“, тврди Бислимовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично